Пендаровски до Мишел: Лидерите на ЕУ да го исполнат ветеното

-

Со пролонгирање на македонските евроинтеграции се разнишува кредибилитетот на Европската Унија, што истовремено значи и опаѓање на нејзиното влијание меѓу нашите граѓани. Условувањето од страна на земја-членка кон земја-кандидат за членство од билатерални причини, не само што флагрантно го прекршува ветувањето за европска иднина на земјите од Западен Балкан, туку може и целосно да ја компромитира политиката на проширување и да прерасне во опасен преседан кој ќе стави крај на овој процес, кој со години беше сметан за најдобрата надворешна политика на Унијата.

Со таква порака се обрати македонскиот претседател Стево Пендаровски до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на прес-конференцијата по нивната средба во Охрид денеска.

„Искрено се надевам дека следната недела во Брисел, лидерите на Европската Унија, конечно ќе го исполнат сопственото ветување од март 2020-та кога Советот за општи работи едногласно донесе одлука во најбрз можен рок да започнат пристапните преговори со Северна Македонија“, порача македонскиот претседател.

Посочувајќи дека проектот за Обединета Европа отсекогаш содржел и јасен геополитички аспект, а во овие моменти на војна на континентот, таа негова димензија е посебно нагласена, македонскиот претседател порача дека во оваа ситуација неопходна е зголемена геополитичка одговорност, особено кај земјите-членки на Европската Унија.

Пендаровски нагласи дека земјава и покрај разочарувањето поради одложувањата, останува цврство на својот пат кон полноправно членство во ЕУ.

„Наспроти реалните разочарувања и заморот од чекање за пробив на европскиот пат, за нашата посветеност, меѓу другото, најсилно зборуваат две работи, од една страна, нашето целосно, стопроцентно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и приклучувањето кон сите пакети на санкции кон Руската Федерација, а од друга, Европската Унија и натаму е нашиот далеку најважен трговски партнер, обезбедувајќи поддршка и финансиска помош за спроведување на неопходните реформи“, порача македонскиот претседател.

Поради руско влијание поништени резултатите од првиот круг претседателски избори во Романија

Уставниот суд во Романија ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори неколку дена откако беа декласифицирани извештаи кои тврдат дека Русија водела координирана онлајн кампања за промовирање на екстремно...

Големи протести во Србија под мотото “Застани Србијо“ организирани поради несреќата во Нови Сад

Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и во други градови во Србија денес се застануваше на 15 минути во протестна акција за оддавање почит на 15-те загинати во трагедијата на железничката...

Јаневска бара „уште неколку дена“ за решавање на случајот со ученикот во „Лазо Ангеловски“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска рече дека на Министерството му се потребни уште неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот на наставата во ОУ „Лазо...

Поднесено обвинение против четири лица за предизвикување омраза

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката и до надлежниот суд поднесе обвиненија против вкупно четири лица кои во различни настани во изминатите денови извршиле дејствија кои содржат елементи на кривичното...

Поради руско влијание поништени резултатите од првиот круг претседателски избори во Романија

Уставниот суд во Романија ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори неколку дена откако беа декласифицирани извештаи кои тврдат дека Русија водела координирана онлајн кампања за промовирање...