fbpx

Ескобар: Со партнерите работиме на брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

-

„САД силно ја поддржуваат брзата интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Работиме со европските партнери за да обезбедиме тоа наскоро да се случи“, порача заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на прес-конференцијата со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи.

Ескобар посетата на Северна Македонија ја почна со средбата со претседателот Стево Пендаровски, по што се сретна со Османи и со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Според досега кажаното, посетата на Ескобар може да се гледа како силен сигнал во регионот дека САД смета дека проблемите мора да се надминат за земјава бргу да се интегрира во ЕУ.

„Благодарни сме за посветеноста и фокусот што САД го даваат на регионот на Западен Балкан, како и за недвосмислената поддршка за надминување на актуелните предизвици и што поскоро започнување преговори со Европската унија. Постигнувањето напредок на нашиот евроинтегративен пат значи и потврдување на кредибилитетот на ЕУ, но и гаранција за надминување на разликите и помирување во регионот, потврдување на нашата гео-стратешката ориентација, како и најсигурна инвестиција во стабилноста на нашите простори”, порача министерот Османи.

На средбата, двајцата соговорници, односите меѓу САД и Северна Македонија ги оцениле како блиски и пријателски, засновани на стратешко партнерство.

На средбата на Ескобар со вицепремиерот Никола Димитров, исто така се разговарало за европската перспектива на Северна Македонија и регионот како заедничка стратешка цел, како и актуелните состојби во тој контекст, соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП).

„Делиме иста визија за иднината на Северна Македонија и регионот и поддршката од САД како наши партнери и сојузници секогаш била двигател на процесите. Почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија ќе означи заокружување на едно поглавје во исполнувањето на заедничката стратешка цел и создавање на нов моментум за европската иднина на регионот како гарант на стабилноста и демократијата“, истакнал Димитров

Ескобар ја нагласил важноста на Преспанскиот договор како столб на мирот и сигурноста во регионот и порачал дека „покажаното лидерство и заложбите во реформскиот процес треба да бидат валидирани со заслужен напредок во европските интеграции на земјата, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција во процесот на преговори“.

Специјалниот пратеник на САД за Балканот ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...