fbpx
Таг: Бујар Османи

таг: Бујар Османи

Османи во посета на Косово: Европската интеграција на Западен Балкан е гаранција за сигурен и стабилен развој

Османи во Косово фото: МНР
Иднината на регионот, со фокус на регионалната соработка, и пораката дека евро-атлантската перспектива и интеграција на целиот регион останува недвосмислена определба на двете држави, денеска беа содржината на разговорите меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи, претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу и претседателот на парламентот, Глаук Коњуфца, а во рамки на официјалната посета Османи на Република Косово, соопштија од...

Османи ги претстави првите четири економски советници кои ќе бидат упатени во Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во рамки на исполнување на предвидените активности кои произлегуваат од мандатна мисија, во насока на ревитализација и зајакнување на економската дипломатија, ги претстави првите четири избрани економски советници, кои ќе бидат упатени во рамките на нашите амбасади за да ги предводат и имплементираат економските политики секоја земја и регион посебно. Во првиот дел...

Заев со амбасадорите на земјава во држави на ЕУ: Потполно сме посветени кон ЕУ, по членството во НАТО

Премиерот Зоран Заев, денеска учествуваше во тематскиот работен состанок, организиран од Министерството за надворешни работи, со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, акредитирани во земји – членки на Европската Унија и во постојаните мисии во ЕУ и во НАТО. На состанокот е направен осврт на годишнината од зачленувањето на Северна Македонија во НАТО и е разговарано за европските...

Османи: Земјава има значајно место во франкофонското семејство, францускиот јазик е неминовна иднина во ЕУ

Денеска во просториите на Министерството за надворешни работи се одржа изложба на фотографии „50 години Франкофонија - поглед од Северна Македонија” по повод прославувањето 51 година од основањето на Франкофонијата. На настанот се обрати министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој посочи дека фотографиите го покажуваат патот на Северна Македонија кон Франкофонијата и ја преведуваат и пренесуваат вложеноста во...

Османи во Брисел: ‘Ние сме НАТО’ не е веќе само обична парола, туку реалност

Министрите за надворешни работи на НАТО денеска го започнаа дводневниот состанок во Брисел. По пауза од една година, ова е прв Министерски состанок на НАТО што се одржа со физичко присуство. Во рамките на денешното учество на Министерскиот состанок на НАТО, министерот за надворешни работи Бујар Османи испрати пораки за првото присуство на Република Северна Македонија, на масата на...

Османи во Мадрид на средба со шпанскиот министер за надворешни работи Гонзалес Лаја

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамките на работната посета на Шпанија, оствари средба со министерката за надворешни работи, Европска унија и за соработка на Кралството Шпанија Аранча Гонзалес Лаја. „Убаво е да се биде во Мадрид токму на годишнината од ратификацијата во шпанскиот Сенат на протоколот за нашето членство во НАТО, и тоа во далеку построги, потешки и...

Самопопишувањето на дијаспората ќе продолжи до 21 април, досега попишани 71.503 лица

Државниот завод за статистика преку апликацијата за самопопишување до утрово, во 8 часот, евидентирал 71.503 лица што се попишале. Бројката на попишани лица од дијаспората секојдневно расте, а за лицата кои живеат надвор од земјава, пописот преку веб-апликацијата непречено ќе трае секојдневно до 21 април. „Според искуството на иселениците, потребни се само 10 минути преку едноставната апликација да се попишат...

Османи-Борисов: Двете држави треба да се подготват за преговори, за разум, а не за емоции

Министерот за внатрешни работи Бујар Османи денеска на социјалните мрежи сподели фотографии од непланирана средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов на софискиот аеродром. Од Министерство за надворешни работи информираат дека средбата минала во исклучително пријателски тон, на која биле отворени темите за билатералните односи, внатрешно-политичките случувања во двете земји, како и европските перспективи на Република Северна Македонија и целиот регион. „Добрососедските...

Османи: Бројот на попишани во дијаспората надмина 60.000, најмногу во Швајцарија најслабо во Австралија, САД и Канада

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи информираше дека попишувањето на дипломатијата завршува денеска, но продолжува во дијаспората. Бројот на наши попишани граѓани кои живеат во дијаспората надмина 60.000, а најмногу попишани има во Швајцарија 16.000, Германија, 10.000, Италија со 6.000. Најмал одзив има во САД, Канада и Австралија, што според Османи, не може да се оцени кои се причините. „Можеби...

Османи на средба со Ди Мајо во Рим: Има потенцијал за уште поголема економска соработка со Италија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета на Италија, оствари средба со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Луиџи ди Мајо. На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на политичките и економските односи, вкупната билатерална соработка во сите сегменти од заеднички интерес, како и регионалните актуелни состојби и соработка. „Италија во континуитет е...

Лицата во конзуларните претставништва во странство и нивните семејства ќе се попишуваат од 1 до 15 март

Бујар Османи
Лицата кои имаат место на живеење во РСМ, а за време на спроведувањето на престојниот попис се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва во странство, како и членовите на нивните семејства кои се со нив, ќе бидат попишувани  во периодот од 1 март до 15 март 2021 година. Додека самопопишувањето/саморегистрацијата на нерезидентното население, но и сите други државјани кои по...

Османи-Ќучук: ЕУ треба да ја усвои преговарачката рамка и да ја закаже првата Меѓувладина конференција

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со европратеникот Илхан Ќучук, известувач во Европскиот парламент за Република Северна Македонија, кој е во дводневна посета на земјава. Посетата на Ќучук се реализира во пресрет на гласањето кон нацрт-резолуцијата за Република Северна Македонија во Комитетот за надворешни работи во рамките на Европскиот парламент, што беше и централна тема средбата. За време...

Османи на средба со Симовски: Пописот е обврска и должност за сите граѓани

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари работна средба со Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски и заменик директорот, Илми Селами. Средбата беше во насока на меѓуинституционална координација со цел непречено организирање на претстојниот пописот, на која беа отворени сите прашања за начинот и постапката на која што ќе се попишува нерезидентното население. Согласно Законот за попис на...

Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот: Да не се повтори никому и никогаш повеќе

Холокаустот на повеќе од шест милиони Евреи во нацистичките концентрациони логори во текот на Втората светска војна денеска со тага се одбележува во светот, со различни манифестации и пораки дека треба да се преземаат сите можни мерки да не се дозволи никогаш повеќе да не се повтори не само толкав злочин, туку и ништо слично на него. Во земјава, одбележување...

Димитров и Османи во Брисел на средба со Борел

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Брисел остварија средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел. „Во фокус на разговорот беше иднината на политиката на проширување на ЕУ, пред сѐ во контекст на случувањата по усвојувањето на новата Методологија и...

Средба на Османи со Дендиас: Грција и Северна Македонија треба да бидат пример за пријателство на Балканот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во Атина оствари средба со својот домаќин министерот за надворешни работи на Грција, Николаос Дендиас. Фокус на разговорот меѓу двајцата колеги бил воспоставувањето на рамката за следните активности што им претстојат на двете држави согласно Акциониот план за соработка и имплементацијата на Договорот за стратешко партнерство (познат како Договорот од Преспа), информираат од...

Османи: Медиумската слобода е директен показател за цивилизацискиот напредок на општеството

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на видео-состанок на министерско ниво, за безбедност на новинарите и прашањето за неказнивост во рамки на Меѓународната конференција за слобода на медиуми на покана на министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Штеф Блок. „Република Северна Македонија е посветена на промоција, заштита и унапредување на сите човекови права и слободи, меѓу кои и...

Османи и Галовеј ја потпишаа Спогодбата за партнерство, трговија и соработка со Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи заедно со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рајчел Галовеј ја потпишаа Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, на свечена церемонија организирана по тој повод. Спогодбата го зајакнува трговскиот однос меѓу Обединетото Кралство и Република Северна Македонија, која во 2019 година беше во вредност од 1,8 милијарди фунти, преку обезбедување...

Заев-Рот: Продолжува одличната соработка со Германија и поддршката за интеграциските и реформските процеси

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, попладнево во Берлин оствари работна средба со Михаел Рот, државен министер за Европа во МНР на Германија. „На средбата премиерот Заев се заблагодари за целокупниот ангажман на СР Германија кон евроинтеграциите на Северна Македонија и Западен Балкан, посебно во рамките на нивното претседателство со ЕУ но и во рамките...

Османи: Не се откажуваме до последниот миг од обиди за решение со Бугарија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција не даде поконкретен одговор на прашањето што се прави во поглед на решавање на спорот со Бугарија во последниве денови, пред Советот за општи работи во вторник, но нагласи дека македонската страна нема да се откаже од процесот до последниот момент. – Бидејќи во моментот нема договор, не можам да...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...