fbpx

Османи: Медиумската слобода е директен показател за цивилизацискиот напредок на општеството

-

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на видео-состанок на министерско ниво, за безбедност на новинарите и прашањето за неказнивост во рамки на Меѓународната конференција за слобода на медиуми на покана на министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Штеф Блок.

„Република Северна Македонија е посветена на промоција, заштита и унапредување на сите човекови права и слободи, меѓу кои и на медиумската слобода што претставува директен показетел за цивилизацискиот напредок на општеството”, истакна Османи.

Министерот зборувајќи за заштитата на новинарите и медиумските работници од секаков облик на притисок или повреда на нивните права, како и на слободата на изразување преку ставање крај на сите повреди и злосторства и соодветно санкционирање на сторителите потенцираше дека „санкционирањето на секој напад или повреда на правата на новинарите е императив за нормално функционирање на секое демократско општество“.

Светската конференција за слобода на медиуми годинава беше во знак на одбележување на Светскиот ден за ставање крај на неказнивоста за кривични дела против новинарите, а со цел реафирмирање на заложбите за почитување на слободата на изразување и заштитата на безбедноста на новинарите.

Инаку, во Годишниот извештај за показателите за степенот на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Северна Македонија за 2019 година што го објави Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) се вели дека трендот на напади на новинарите, заканите кон нив и инцидентите драматично се влошени во 2020 година.

ЗНМ заклучно со ноември, регистрира 14 посериозни закани по животот на новинарите од кои повеќето кон жени новинари и само една судска разрешница со правосилна пресуда.

Министерство за правда веќе започна постапка за изготвување на нов Кривичен законик во кој ќе бидат вметнати и кривичните дела со кои ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници.

Министерот за правда Бојан Маричиќ информираше дека во однос на заштитата на новинарите, работната група за Кривичниот законик предложила измени во одредени кривични дела oд потежок облик, а казните во иднина треба да бидат уште построги.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...