fbpx

Димитров и Османи во Брисел на средба со Борел

-

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Брисел остварија средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

„Во фокус на разговорот беше иднината на политиката на проширување на ЕУ, пред сѐ во контекст на случувањата по усвојувањето на новата Методологија и можностите кои ги нуди за динамизирање на процесот, усогласувањето на Преговарачката рамка за Северна Македонија, важноста и придобивките од регионалната соработка и унапредувањето на добрососедските односи како клучни елементи за европската перспектива, како за земјата, така и за целиот регион,“ информираат од Владата.

Димитров и Османи нагласиле дека Владата продолжува со реформите со цел да се задржи фокусот на реформските процеси како би се задржало позитивното досие за државата.

„Во однос на глобалните предизвици беше потенцирано дека земјите од Западниот Балкан покрај пандемијата, споделуваат заеднички предизвици со ЕУ и за миграцијата, борбата против организираниот криминал и тероризмот, борбата против дезинформации и хибридни закани, климатските промени, дигитализацијата и сл. Соговорниците се согласија дека успехот на европскиот проект зависи токму од солидарноста и сојузништвото, кои ќе значат потврда за споделените перспективи,“ се додава во соопштенеито.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...