Фото: Фејсбук-профил Османи

Министерот за внатрешни работи Бујар Османи денеска на социјалните мрежи сподели фотографии од непланирана средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов на софискиот аеродром.

Од Министерство за надворешни работи информираат дека средбата минала во исклучително пријателски тон, на која биле отворени темите за билатералните односи, внатрешно-политичките случувања во двете земји, како и европските перспективи на Република Северна Македонија и целиот регион.

„Добрососедските односи се наш прв приоритет, и нашата искрена заложба е зајакнување на односите со Република Бугарија. Тоа е и наш државен интерес, за што остануваме цврсто посветени на имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка како важна алка во зајакнувањето на довербата меѓу нашите граѓани,“ истакнал Османи.

Бугарската национална агенција БГНЕС, пренесува дека бугарскиот премиер Бојко Борисов изјавил дека двете држави треба да се подготват за преговори „за разум, а не за емоции“.

„Хероите што загинаа за слобода не можат да бидат тема што нѐ разделува, затоа што нивниот најголем сон беше да бидат заедно и затоа ги дадоа своите животи. Значи, тие треба да бидат мост на пријателството, а не на поделба“, изјавил Борисов.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Швајцарија и на Шпанија.