fbpx
Таг: Бујар Османи

таг: Бујар Османи

Министерот Османи почнува надворешно-политичка турнеја, во Германија на средба со Мас и Рот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од утре започнува нова надворешно-политичка турнеја, со присуство во неколку значајни метрополи: Берлин, Варшава и Блед (Словенија), со цел билатерални средби и учество на значајни меѓународни настани, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР). Веќе од утре, Османи ќе биде во работна посета на Германија и ќе оствари средби со министерот за надворешни работи,...

Пристигна првата група од 149 авганистански граѓани, главно членови на меѓународни организации

Првата група од 149 граѓани од Авганистан доцна синоќа пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје. Веднаш по слетувањето на авионот од Тбилиси, бремена жена со нејзиниот сопруг и дете со возило на итна помош беа пренесени на Гинеколошката клиника во Скопје за контрола, додека со друго возило беше спроведено лице кое доживеало колапс. Министерот за надворешни работи Бујар Османи кој...

Османи: Шеесет наши државјани веќе се евакуирани од Авганистан

Педесетина граѓани на Северна Македонија во текот на ноќта и изутрината се префрлени од Кабул во Доха и во Абу Даби, а утрово уште 19 наши граѓани се превезени за Доха, Катар, а потоа со цивилни летови преку Катар и Лондон треба да се вратат во земјава. Како што соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи, во НАТО базата...

Османи ги промовираше електричните тротинети за МНР: Зелена дипломатија-новото нормално

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во Министерството за надворешни работи (МНР), како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето. „Со овој симболчен гест, МНР работи започнува со промоција на проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“, кој ќе се одвива во неколку етапи. Нашата...

Османи: Има можности да се дојде до решение со Бугарија до крајот на годината

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека постојат сериозни можности да се најде решение за спорот со Бугарија до крајот на годината. Тој на спорот со Бугарија се осврна во одговор на новинарско прашање по тематската дискусија организирана од Министерството за надворешни работи (МНР) поврзана со парламентарната димензија на надворешната политика и улогата на Собранието и парламентарната дипломатија во...

Османи: Словенечкото претседателство со ЕУ ќе ја реафирмира европската перспектива на земјите од Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска се обрати на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции на која беа презентирани Програмата и Приоритетите на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ. „Преземањето на водството со Советот на ЕУ, од страна на Словенија доаѓа во многу важно време за самата ЕУ која продолжува да се...

Османи ја собра европската дипломатска мрежа на амбасадорски состанок

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска одржа вонреден тематски работен состанок со Амбасадорите акредитирани во земјите членки на ЕУ и институциите поврзани со ЕУ, информираат од Министерство за надворешни работи. Состанокот се одржа на самиот почеток на словенечкото претседателство со ЕУ, што беше и главна тема на состанокот. „Следниот период, идните дипломатските делувања во однос на заокружувањето на нашето европско...

Османи во Охрид ја почна новата „Б6“ иницијатива за регионална соработка

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчеравечер во Охрид, под мотото: „Мудро е да имаш добри односи со соседите, но вистинска победа е да ги имаш за пријатели“, ја почна новата регионална иницијатива „Б6, со првата неформална вечера на министрите за надворешни работи од регионот и нивните претставници. „Намерата да се воспостави неформален „Б6“ формат на состаноци на министрите одговорни...

Од Словенечкото претседателство очекуваме подготвен терен за донесување на важни одлуки, порача Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи по завршувањето на годишниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група – В4 и земјите од Западен Балкан – ЗБ6, во својство на претседавач со Фондот за Западен Балкан, заедно со полскиот министер за надворешни работи, Збигњев Рау и Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан, имаа...

Османи на министерски состанок за надворешни работи со земјите од Вишеградската група и Западен Балкан

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи утре во Познан ќе учествува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група – В4 и земјите од Западен Балкан – ЗБ6, кој се организира во рамки на Полското претседавање со Вишеградската група. „На состанокот се очекува да се отвори дискусија за последните случувања поврзани со процесот на проширување...

Бугарија денеска останала на ставот дека Северна Македонија не треба да ги почне преговорите со ЕУ

Како што веќе најави бугарската техничка влада и претседателот Румен Радев, Бугарија останува на ветото за Северна Македонија за отпочнување на преговорите со ЕУ. Бугарската блокада за одржување на првата Меѓувладина конференција со нашата земја доаѓа и покрај тоа што останатите земји-членки на ЕУ сметаат дека Северна Македонија и Албанија треба да ги отпочнат преговорите со ЕУ. Бугарија на...

Османи-Линде: Северна Македонија покажува голема сериозност и посветеност во меѓународните односи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, оствари средба со актуелниот претседавач со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде. На средбата главна тема на дискусија беа активностите во рамките на ОБСЕ, актуелното претседавање на Шведска со организацијата и претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. „Споделуваме исти заложби и вредности и во тој...

Османи на средба со Чавушоглу на маргините од состанокот на ПСЈИЕ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи, учесници во Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во Анталија, Турција. Министрите заклучија дека двете земји негуваат долго и блиско пријателство, без никакви отворени прашања, а како сојузници...

Османи со словенечкиот колега дискутирал за приоритетите на словенечкото претседателство

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2021“ во Братислава се сретнал со министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар, соопшти македонското МНР. Теми на средбата биле поврзани со европската агенда на Северна Македонија, тековните дискусии за преговарачката рамка за земјата, како и за нашите очекувањата за одржување на првата Меѓувладина конференција во...

Османи и Корчок денеска официјално ја отворија Амбасадата на С. Македонија во Братислава

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Братислава официјално ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Словачката Република, во присуство на својот колега, министерот за надворешни и европски работи на Словачка, Иван Корчок. „Овој нов и топол дом на Северна Македонија во Словачка, ова катче, ќе биде уште една точка преку која ќе ја развиваме нашата соработка, еден...

Османи: Протерувањето на македонскиот дипломат од Русија ќе има негативно влијание

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи попладнево реагираше на одлуката на Русија да протера еден македонски дипломат, најавувајќи негативен развој на настаните меѓу Македонија и Русија. „Жалам за неоправданата одлука на Министерството за надворешни работи на Русија, ова е само возвратна политичка одлука. Ова несомнено ќе влијае негативно на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Руската Федерација“, напиша Османи на...

Шекеринска на состанок на министрите за одбрана на НАТО: Последни подготовки за Самитот во Брисел

Денеска во попладневните часови, Северноатлантскиот совет одржува состанок во две одделни сесии на ниво на министри за надворешни работи и министри за одбрана на кои ќе учествуваат министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, информираат од Министерство за одбрана. „Целта на состанокот на Северноатлантскиот совет е финализирање на подготовките за Самитот на НАТО, закажан за...

Османи: Добивме силна поддршка од министрите за надворешни работи на Словенија, Австрија и Чешка

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска беше домаќин на министрите за надворешни работи на Австрија – Александер Шаленберг, Словенија – Анже Логар и на Чешка – Јакуб Кулханек, кои претстојуваат во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија. Се разговарало за европското досие на земјава, реформските процеси, добрососедските односи, а една од централните теми била и можностите за напредок...

Сијарто: Безусловна поддршка од Унгарија за земјава за почетокот на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи денеска во Скопје му беше домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто. Целта на посетата помина во знак на унгарската донација на 6.000 дози од вакцината АстраЗенека наменета првенствено за припадниците на Граничната полиција. „Донацијата е израз на благодарност на Република Унгарија за успешната соработка и...

Османи: Јунските самити на ЕУ нудат шанса за операционализација на одлуката за почеток на преговорите

Заокружување на стратешката цел, членството во Европската унија, како и амбициите на регионалните иницијативи како што е Берлинскиот процес беше главниот фокус на денешната средба на министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, при работната посета на Османи во Сојузна Република Германија. “Јунските самити на ЕУ нудат неповторлива шанса да го направиме...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...