fbpx

Османи: Добивме силна поддршка од министрите за надворешни работи на Словенија, Австрија и Чешка

-

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска беше домаќин на министрите за надворешни работи на Австрија – Александер Шаленберг, Словенија – Анже Логар и на Чешка – Јакуб Кулханек, кои претстојуваат во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија.

Се разговарало за европското досие на земјава, реформските процеси, добрососедските односи, а една од централните теми била и можностите за напредок во европските интеграции на претстојните летни Совети на ЕУ. Османи се заблагодарилт за гласната поддршка и континуираниот ангажман на Австрија, Словенија и Чешка за досегашниот успех на европскиот пат на Република Северна Македонија, а особено ја нагласил благодарноста до Европската Унија за обезбедените вакцини за граѓаните на целиот Западен Балкан.

„Нивната поддршка е навистина цврста, конзистентна и долгорочна. Ние денес не го усогласуваме нивниот став за нашите европски интеграции – тој е одамна познат; јас денес побарав, и добив силни пораки на согласност од колегите, дека оваа нивна енергичност, овој напор и гласност во рамките на Унијата ќе продолжи. Во овој условно асиметричен спор со кој се соочуваме, нам ни се потребни пријателите за да ни овозможат фер платформа, да ни овозможат фер политички простор за да можеме преку дијалог да ги отстраниме пречките за продолжување на нашите европски интеграции“, истакна Османи.

Министрите за надворешни работи се во посета на земјава во својство на претставници на неформалната група земји членки на ЕУ „Ц5“, во која покрај Австрија, Словенија и Чешка, членуваат и Словачка и Унгарија, чии претставници веќе беа во посета на земјава.

Австрискиот министер за надворешни работи Шаленберг изјави дека го поддржува предлогот на Португалија кој беше даден за да се одблокираат македонските евроинтеграции.

Тој порача дека смета оти билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на пристапување, но дека „мора да се справуваме со прашањата и затоа целосно ги поддржуваме напорите на португалското претседателство, заедно со министрите овде и во Софија.

„Ова е сега клучно време, клучен момент ве молам разберете дека не сакам да навлегувам во детали, ова е тековен процес но навистина го поддржувам се што како предлог го стави на маса португалското претседателство“, рече Шаленберг.

„Би сакал да верувам дека ова лето носи повеќе од убаво време; нашите надежи се да имаме и поубава и попозитивна политичка клима. Летните самити на ЕУ се прозорец на можности што треба да го искористиме со сета своја политичка волја и напори; влогот е преголем, а ние сме премногу близу за да ја испуштиме можноста. Вашето присуство во земјата е навремено, точно на 30 дена пред јунските состаноци на ЕУ, на кој очекуваме дека ќе имплементира одлуката од март, минатата година, за формален старт на преговорите“, нагласи Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...