Министерот за надворешни работи, Бујар Османи попладнево реагираше на одлуката на Русија да протера еден македонски дипломат, најавувајќи негативен развој на настаните меѓу Македонија и Русија.
„Жалам за неоправданата одлука на Министерството за надворешни работи на Русија, ова е само возвратна политичка одлука. Ова несомнено ќе влијае негативно на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Руската Федерација“, напиша Османи на Твитер.
Regrets for the unjustified decision of @mfa_russia, merely a retaliatory political decision; this will undoubtedly have negative influence on the bilateral relations between the Republic of North Macedonia and the Russian Federation https://t.co/64sD79WZYE
— Bujar Osmani (@Bujar_O) June 10, 2021