среда, 11 ноември, 2026
Meta.mk

Ознака: персона нон грата | 12 резултати

Северна Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата

28 март 2022

Во просториите на Министерството за надворешни работи (МНР) денеска бил повикан амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин и му биле врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава, односно прогласени за „персона нон грата“, соопшти македонското МНР. Петтемина дипломати, чии идентитети не се […]

Русија прогласи македонски дипломат за „персона нон грата“

4 октомври 2021

В.Д. амбасадорката на Република Северна Македонија во Руската Федерација Оливера Чаушевска-Димовска денеска била повикана во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ била врачена нота на Министерството. Како што е наведено во соопштението на руското МНР, вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за „персона нон грата“. Од руското МНР велат […]

Османи: Протерувањето на македонскиот дипломат од Русија ќе има негативно влијание

10 јуни 2021

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи попладнево реагираше на одлуката на Русија да протера еден македонски дипломат, најавувајќи негативен развој на настаните меѓу Македонија и Русија. „Жалам за неоправданата одлука на Министерството за надворешни работи на Русија, ова е само возвратна политичка одлука. Ова несомнено ќе влијае негативно на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и […]

Руската Федерација протера дипломат од македонската амбасада во Москва

10 јуни 2021

Официјална Москва, како што најави по протерувањето на вработен во руската амбасада во Скопје, објави дека како реципрочна мерка прогласила за персона нон грата дипломат од Амбасадата на Северна Македонија во Русија. „На 10 јуни, в.д. амбасадорка на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Оливера Чаушевска-Димовска беше поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, […]

Руското МНР се закани со мерки по протерувањето на руски дипломат од Северна Македонија

20 мај 2021

Министерството за надворешни работи (МНР) на Руската Федерација денеска најави соодветни мерки по протерувањето од страна на Северна Македонија на еден руски дипломат, за кое што рече дека е „немотивирано“. Во соопштението на сајтот на руското МНР се вели дека станува збор за непријателски чин, којшто е невозможно да не се одрази на како што […]

Црна Гора и Србија си ги прогласија амбасадорите за „персона нон грата“ поради историско прашање

29 ноември 2020

Црна Гора и Србија влегоа во дипломатски конфликт поради историско прашање. Министерството за надворешни работи на Црна Гора побара од српскиот амбасадор Владимир Божовиќ да ја напушти земјата откако го прогласи за „персона нон грата“. „По подолго и континуирано мешање во внатрешните работи на Црна Гора, преку однесувањето и изјавите кои се невообичаени и неприфатливи […]

Русија депортираше црногорски пратеник

29 мај 2017

Пратеник на црногорнскиот парламент и висок функционер на Демократската партија на социјалистите, Миодраг Вуковиќ, денеска е депортиран од Москва во Црна Гора, откако ноќта ја мина во транзитната зона на аеродромот „Домодедово“. Вуковиќ патувал од Црна Гора преку Москва за Минск, каде се одржува парламентарен собир на Централно-европската иницијатива. Граничната полиција го задржала Вуковиќ на […]

Косово го прогласи Шешељ за персона нон грата

9 април 2016

Само неколку дена откако српскиот националист Воислав Шешељ беше ослободен од обвинувањата за воени злосторства, Косово го прогласи за персона нон грата и му забрани влез во земјата. Слични одлуки донесоа и Хрватска и Босна и Херцеговина. Шешељ, кој планира да учествува на изборите во Србија што ќе се одржат на 24 април, рече дека сака […]

Страна 1 од 1