fbpx

Уште шестмина руски дипломати прогласени за „персона нон грата“

-

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека денеска го повикало амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, за да му биде врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата.

Тие имаат пет дена да ја напуштат земјава.

„Врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена“, соопшти МНР.

Ова е второ протерување руски дипломати за неполн месец. На 28 март беа протерани пет руски дипломати, под идентично образложение како за најновиот случај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...