fbpx
Comments are closed.

Бугарија одеднаш ќе протера 70 руски дипломати

-

Бугарија ќе протера 70 руски дипломати одеднаш до крајот на седмицава, објави вчеравечер бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков, известува mediapool.bg.

„Очекуваме в недела еден пол авион со 70 места да замине за Москва“, рече Петков.

Тоа би бил рекорден број протерани руски дипломати од Бугарија, што пак ќе ја доведе руската дипломатска мисија во земјата на околу една третина од сегашната бројка. Досега бугарските власти протеруваа најмногу по десет руски дипломати наеднаш, а тој процес се засили по руската агресија врз Украина и по провокациите на руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова.

Според бугарските власти, руски дипломати во Бугарија вршат шпионска дејност, хибридни закани и на секој можен начин ги подриваат демократските институции, имајќи на располагање алатки на влијание, како енергетската зависност, бизнис со оружје и друго. Бугарија протестира и против однесувњето на амбасадорката Елеонора Митрованова, а бугарската влада во март го повика бугарскиот амбасадор во Москва да се врати во Софија, предлагајќи ја мерката Москва да ја повика Митрофанова, но тоа не се случи, пишува mediapool.bg.

Русија има регистрирани 118 руски дипломати во својата мисија во Бугарија, додека пак бугарската дипломатска мисија во Русија се состои од помалку од 10 луѓе.

1 КОМЕНТАР

  1. Голем дел од руското влијание во Бугарија е очигледно насочено и кон Македонија инаку до сега одамна ќе ги имавме почнато преговорите за членство во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...