fbpx

Русија прогласи македонски дипломат за „персона нон грата“

-

В.Д. амбасадорката на Република Северна Македонија во Руската Федерација Оливера Чаушевска-Димовска денеска била повикана во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ била врачена нота на Министерството. Како што е наведено во соопштението на руското МНР, вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за „персона нон грата“.

Од руското МНР велат дека ова е одоговор на прогласувањето на дипломат во руската амбасада во Скопје за „персона нон грата“ во август годинава.

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија овој потег го оцени како неоснован.

„Одлуката на руското министерство за надворешни работи, за протерување на дипломатот кој неодамна беше делегиран во Руската Федерација, преставува возвратна политичка одлука без никаков мериторен основ.За претходното протерување на рускиот дипломат од Северна Македонија беа доставени евидентирани докази за негово дејствување во спротивност на Виенската конвенција за дипломатски односи. Оттука, денешниот потег на руската страна е во целост неоснован и негативно ќе се одрази на обидите за унапредување на односите меѓу двете земји,“ стои во соопштението на МНР.

Од таму појаснуваат и дека В.Д. амбасадорката Оливера Чаушевска-Димовска останува да ги обавува своите обврски, а наскоро ќе биде упатен и новиот Амбасадор акредитиран за Руската Федерација кој ги поминал сите чекори за упатување.

Во мај и август оваа година, македонското Министерство за надворешни работи поради скандал на руското разузнавање во Чешка прогласи двајца дипломати на амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност.

Чешката влада на 17 април соопшти дека има докази дека двајца руски воени разузнавачи биле вклучени во бомбашките напади во магацините за муниција што се случија во 2014 година.

Министерството за надворешни работи на Чешка побара целосна компензација од Русија за штетата од експлозиите во кој загинаа две лица.

Русија негира дека има врска со тој инцидент.

 

 

.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...