fbpx

Косовската полиција ја уапси и ѝ забрани влез во земјата на руската новинарка Дарија Асламова

-

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, синоќа го потврди апсењето на руската државјанка Дарија Алсамова, новинарка во весникот „Комсомолска Правда“, на северот од земјата.

Преку објава на Фејсбук, Свечла рече дека многу земји докажале дека таа се занимавала со шпионажа за руското воено разузнавање и дека дејствувала под маска на новинарка.

„Истата учествуваше и во борбите во Украина со пропаганда за руската инвазија“, напиша Свечла.

Утрово, првиот човек на косовската полиција објави дека ја прогласил Асламова за непожелно лице во Косово и дека пет години ѝ се забранува влез на територијата на оваа држава.

„Секој кој со одредени цели или директиви ќе ја прекрши или ќе се обиде да ја дестабилизира нашата држава, без прашање ќе се соочи со силата на законите на Косово“, објави Свечла.

На дел од фотографиите што ги сподели косовскиот министер за внатрешни работи, Асламова може да се забележи со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и сирискиот претседател Башар ал Асад.

Свечла  додава дека косовските власти биле запознаени со нејзините активности за потребите на руските тајни служби, а според него, на Асламова ѝ е забранет влез во повеќе земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...