Османи ги промовираше електричните тротинети за МНР: Зелена дипломатија-новото нормално

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги промовираше електричните тротинети за вработените, како дел од новата стратегија за Зелена дипломатија. Фото: МНР на РСМ, 25 јули 2021

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во Министерството за надворешни работи (МНР), како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето.

„Со овој симболчен гест, МНР работи започнува со промоција на проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“, кој ќе се одвива во неколку етапи. Нашата визија е да станеме прва земја од регионот што ќе обезбеди одржлива работна средина не само во зградата на министерството, туку и на дипломатската мрежа. Притоа, задржувајќи висок кредибилитет меѓу вработените и партнерите, следејќи го чекорот на светот кој се движи кон поодржлива иднина“, истакна Османи

Практичноста од употребата на ваков тип на превозни средства се добива со едноставен преглед на локациите на државните институции, при што веднаш се забележува дека во дијаметар од 1-2 километри се наоѓаат 90 отсто од нив, кои секојдневно се упатени на соработка, состаноци и координации. Тргнувајќи од овие факти, за вакви секојдневни кратки дестинации, треба да се обидеме, колку можеме повеќе и колку ни дозволуваат околностите, да се користи велосипед, електричен тротинет. Преку вакви примери, си помагаме себе си, ќе им ослободиме простор на другите, ќе ѝ помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина, порачува МНР.