Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, попладнево во Берлин оствари работна средба со Михаел Рот, државен министер за Европа во МНР на Германија.

„На средбата премиерот Заев се заблагодари за целокупниот ангажман на СР Германија кон евроинтеграциите на Северна Македонија и Западен Балкан, посебно во рамките на нивното претседателство со ЕУ но и во рамките на Берлинскиот процес кој резултираше со неколку клучни договори и соработки кои беа потпишани на самитот во Софија на кој ко-домаќини беа премиерите Заев и Борисов,“ соопштуваат од Влада.

Премиерот Заев го истакнал очекувањето дека првата меѓувладина конференција со ЕУ ќе се одржи до крајот на оваа година.