fbpx
Таг: Бугарија

таг: Бугарија

Бугарската рафинерија „Нефтохим“ го крши ембаргото за руска нафта наметнато од ЕУ

Рафинеријата „Нефтохим“ во бугарскиот крајбрежен град Бургас, којашто за главен сопственик ја има руската корпорација „Лукоил“, го заобиколува ембаргото од ЕУ за извоз на руска нафта во земји-членки и продава деривати и производи користејќи го доделениот исклучок од забраната за увоз во ЕУ на руска нафта и на деривати, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Како резултат на сето тоа, „Лукоил“ заработила...

Почина професор Ивајло Дичев, еден од умерените аналитичари на македонско-бугарскиот спор

Ивајло Дичев, професор на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, културен антрополог и публицист, почина на 68 годишна возраст, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Дичев, професор по културна антропологија на „Св. Климент Охридски“, предавал и во Франција, САД и други земји, а на матичниот универзитет ги раководеше магистерските студии по културна антропологија. Беше ангажиран и пошироко во полето на општествените науки, со фокус...

ГЕРБ на Борисов изгуби важни градови на изборите, бугарската влада на стаклени нозе

Васил Терзиев од коалицијата Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија е новиот градоначалник на Софија, откако на вчерашните избори ја победи Вања Григорова од Бугарската социјалистичка партија, јавува Бугарското национално радио. Врз основа на обработените 99,78 отсто од гласовите на изборната комисија, Терзиев води со 48,17 отсто добиени гласови, додека Григорова освоите 46,92 отсто од гласовите. На вчерашните локални избори партијата ГЕРБ...

Контраспин: Има ли поголем македонски национален интерес од евроинтеграциите?

Што ќе стане со нашата кандидатура со замрзнати преговори? Заговорниците на тезата дека „не треба да брзаме“, кои истовремено велат дека „од тебе зависат промените“, на ова немаат одговор. Поточно, нивниот одговор, парафразирано, е дека прво ќе се потпрат на изградба на водовод и канализација за секој граѓанин во државата, на домашна борба со криминалот и корупцијата, како и...

Руски новинар како шпион во Бугарија, цел месец се криел во Руската амбасада во Софија

Бугарската агенција за национална безбедност (ДАНС) го протера дописникот на весникот „Росискаја газета“, Александар Гацак поради активност што претставува закана за националната безбедност на Бугарија, пишува Медиапул.бг. Бугарското контраразузнавање прецизира дека наредбата за забрана за влез на Гацак во земјата е изречена врз основа на Законот за странци, „бидејќи со своите постапки тој ги ставил или може да ги загрози...

Бугарската влада на стаклени нозе, Бојко Борисов се заканува пред вториот круг од изборите

Лидерот на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов пред вториот круг од локалните избори во Бугарија се заканува дека ќе стави крај на актуелната влада. За само неколку часа, тој се одлучи во Софија да го поддржи кандидатот на Бугарската социјалистичка партија Вања Григорова за вториот круг од локалните избори, а потоа изјави дека не е сигурен оти бугарскиот парламент ќе...

Избори во Бугарија: Борисов ја загуби Софија, но води во помалите населени места

Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, ја загуби можноста повторно да има свој градоначалник во Софија. Васил Терзиев од коалицијата „Промените продолжуваат-Демократска Бугарија-Спаси ја Софија“ освои 33 отсто од гласовите на вчерашните локални избори, додека кандидатката поддржана од Бугарската социјалистичка партија, Вања Григорова, освои 21,1 отсто од гласовите, јавува Медиапул.бг. Партијата на ГЕРБ која досега ја водеше Софија, заврши на изненадувачкото...

Таксата за руски гас ги вжешти политичките односи во Бугарија, Бектеши ја коригира изјавата

Жестоки политички пресметки се случуваат во Бугарија откако владата минатата недела воведе такса од 20 бугарски лева за мегават часа за пренос на руски гас низ нејзината територија. Бугарскиот претседател Румен Радев денеска пред Уставниот суд ја оспори ваква владина одлука, додека бугарскиот министер за финансии реагираше дека Радев врши срамна заштита на руската компанија „Газпром“, пренесува Медиапул.бг. Претседателот Радев...

Бектеши: Ќе бараме отштета ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас

Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека земјава ќе бара отштета од Бугарија и дополнителна поддршка од ЕУ доколку се воведе такса за природниот гас што се испорачува преку нејзина територија и не бидат ослободени количините гас кои се закупени од страна на „Газпром“ за С. Македонија. Реакцијата следува откако источниот сосед воведе транзитна такса за рускиот гас што преку...

Пропаганда и црни кампањи се шират преку забавни сајтови и страници на Фејсбук во Бугарија

Страници на Фејсбук со забавна содржина во Бугарија се користат за да се соберат огромни заедници на луѓе, на кои потоа им се пласираат пропагандни содржини, наведено е во студијата на Factcheck.bg. Медиапул.бг го пренесува разговорот со Никола Тулечки, кој е член на тимот за проверка на факти и е еден од основачите на бугарското здружение „Податоци за добро“. „За...

Коалициската влада во Бугарија во премрежје пред „уставниот испит“

Политичката сцена во Бугарија се вжештува, откако двата главни коалициски партнери во владата покажаа разногласие околу работата на владата, во очекување на смената на главните играчи во коалициската влада, која треба во март следната година да добие нов премиер. Како што пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg, Бојко Борисов, поранешниот премиер и прв човек на партијата ГЕРБ, која што е еден од...

Тагарев: Руски бродови шетаат низ бугарската зона во Црното Море, постои ризик од инцидент

Во Црното Море постои опасност од несреќи поради руските провокации кон трговските бродови, предупреди бугарскиот министер за одбрана Тодор Тагарев, а пренесе mediapool.bg. Според него, Русија користи фиктивни воени вежби за да го блокира извозот на украинско жито, што исто така претставува ризик за безбедноста на Бугарија. „Знаете дека руски бродови шетаат околу нашата ексклузивна економска зона, преземајќи провокативни дејствија против...

Крстев: Руската црква ги турка српските интереси во Северна Македонија

По протерувањето на рускиот архимандрит Васијан Змеев прво од Македонија, а потоа и од Бугарија, познатиот бугарски долгогодишен новинар и аналитичар Николај Крстев вели дека станува збор за очигледен пример за вмешување на Руската Православна Црква во Северна Македонија, во полза на српските интереси, а против поголемото зближување на земјава со Бугарија. Крстев гостуваше во утринскиот блок „Добро утро Европа“...

Ако се изгласа законот, сите со бугарски пасоши од Македонија ќе бидат јавно објавени

Бугарскиот парламент наскоро во второ читање ќе го разгледува предлог-законот за бугарско државјанство, кој, ако биде изгласан по третото читање, ќе овозможи сите иматели на бугарски пасош и бугарско државјанство да бидат јавно објавени. Тоа значи дека сите граѓани на Северна Македонија или пак иматели што работат надвор од земјава со бугарски пасош, ќе бидат јавно објавени во регистерот...

По Скопје, и официјална Софија го протера рускиот свештеник Васијан

Неколку дена откако македонските власти го протераа рускиот свештеник Васијан, и официјална Софија одлучи да го протера од Бугарија ова високо свештено лице на Руската православна црква, поради тоа што е закана за националната безбедност, пренесува mediapool.bg. Бугарските власти го протераа архимандритот Васијан Змеев поради тоа што бил руски шпион, а информацијата прва ја објави руската државната новинска агенција ТАСС,...

Во Бугарија протести на земјоделците против украинското жито, Русија обвинета за организација

Бугарија денеска е блокирана од протестот на земјоделци, кои се против тргнувањето на забраната за увоз на украинско жито во оваа земја, јавува Мediapool.bg. Бугарскиот министер за транспорт Георги Гвоздеиков во изјава за бТВ рече дека Русија стои зад протестите на дел од бугарските земјоделци. Со трактори и комбајни, земјоделци ги блокираа патиштата што водат кон романската граница, а...

Атанасов: Се срами ли бугарското разузнавање што малата Македонија протера руски свештеник, кој 5 години удобно живее во Бугарија?

Генералот Атанас Атанасов, претседател на Демократи за силна Бугарија (ДСБ) и копретседател на парламентарната група на владејачките „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), во изјава за БНТ ја критикува работата на бугарските безбедносни служби коментирајќи го потегот на македонското МНР да прогласи за непожелни тројца руски дипломати. Дополнително, забрана за влез во земјава, покрај тројцата руски дипломати кои се...

Манипулација: Стара изјава на Пендаровски за Гоце Делчев извадена од контекст

Во оваа објава на Фејсбук, изјавата на Пендаровски дадена пред четири години е намерно и тенденциозно прикажана без соодветниот контекст. Фактички, од негово интервју направено во јуни 2019 година на Алсат телевизија, извлечена е само една реченица од која погрешно се интерпретира она што го кажува претседателот. Тој во емисијата не вели дека „неспорна историска вистина е дека Гоце...

Пред пописот во Албанија, бугарската потпретседателка Јотова во посета на Голо Брдо

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова денеска заминува во посета на Албанија, каде ќе се сретнела со претставници на бугарското малцинство, извести Бугарско национално радио (БНР). Посетата доаѓа пред пописот на населението и живеалиштата во Албанија, кој се очекува да почне следната седмица. Првата активност на Јотова ќе биде средба со претставници на бугарската заедница во Голо Брдо. Албанија во октомври 2017 година...

Михаел Рот: Треба да се изгласаат уставните измени

Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи во германскиот Бундестаг, на денешната средба со својот македонски колега Арбер Адеми, претседател на Комисијата за европски прашања на македонското Собрание, порачал дека во моментов потребно е да се изгласаат уставните измени, согласно препораките во Преговарачката рамка. Истовремено, тој вели дека земјата мора да се посвети на европските реформи во сите области,...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...