fbpx

Бугарската влада на стаклени нозе, Бојко Борисов се заканува пред вториот круг од изборите

Актуелната влада беше формирана на почетокот од јуни годинава од страна на коалициите меѓу ГЕРБ и СДС, и Промените продолжуваат и Демократска Бугарија. Овие две коалиции се покажа дека се лути ривали на локалните избори што се одржуваат во Бугарија

-

Лидерот на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов пред вториот круг од локалните избори во Бугарија се заканува дека ќе стави крај на актуелната влада. За само неколку часа, тој се одлучи во Софија да го поддржи кандидатот на Бугарската социјалистичка партија Вања Григорова за вториот круг од локалните избори, а потоа изјави дека не е сигурен оти бугарскиот парламент ќе може да го изгласа државниот буџет за наредната година, пишува Медиапул.бг.

Актуелната влада беше формирана на почетокот од јуни годинава од страна на коалициите меѓу ГЕРБ и СДС, и Промените продолжуваат и Демократска Бугарија. Овие две коалиции се покажа дека се лути ривали на локалните избори што се одржуваат во Бугарија, што може да доведе до паѓање на владата по само пет месеци од нејзиното создавање.

Борисов како лидер на ГЕРБ сега се заканува дека бугарскиот парламент е до толку распарчен, што не е сигурен дека собранието ќе гласа за следниот буџет. Со овие зборови тој се закани со рушење на актуелната влада. Проблемот настана откако кандидатот за градоначалник на Софија од партијата ГЕРБ не успеа да влезе во вториот круг од локалните избори, а првопласиран заврши Васил Терзиев од коалицијата Промените продолжуваат-Демократска Бугарија.

Бојко Борисов вчера јавно им порача на неговите приврзаници наместо за кандидатот на неговиот коалициски партнер од власта, во вториот круг од изборите во недела да ја поддржат второпласираната противкандидатка од Бугарската социјалистичка партија Вања Григорова, која е всушност опозициска партија.

Тешката политичка ситуација во која се наоѓа Бугарија се отсликува и во другите поголеми бугарски градови, како што се Пловдив, Варна и Благоевград, каде што кандидатите на ГЕРБ-СДС и Промените продолжуваат и Демократска Бугарија директно ќе се судрат во вториот круг од локалните избори.

Медиапул.бг анализира дека со потегот на Борисов, тој им порачува на симпатизерите во Софија да ја поддржат кандидатката која е путинист и претставник на левиот популизам, односно коалицијата од проруски партии како што се Бугарската социјалистичка партија, Комунистичката партија на Бугарија и партијата Атака.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...