ГЕРБ на Борисов изгуби важни градови на изборите, бугарската влада на стаклени нозе

На вчерашните локални избори партијата ГЕРБ на Бојко Борисов се чини дека е најголемиот губитник, бидејќи досега имаше доминација кај градоначалничките места

-

Васил Терзиев од коалицијата Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија е новиот градоначалник на Софија, откако на вчерашните избори ја победи Вања Григорова од Бугарската социјалистичка партија, јавува Бугарското национално радио. Врз основа на обработените 99,78 отсто од гласовите на изборната комисија, Терзиев води со 48,17 отсто добиени гласови, додека Григорова освоите 46,92 отсто од гласовите.

На вчерашните локални избори партијата ГЕРБ на Бојко Борисов се чини дека е најголемиот губитник, бидејќи досега имаше доминација кај градоначалничките места. Во Варна, Благомир Коцев од коалицијата Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија го победи досегашниот градоначалник од ГЕРБ, Благомир Коцев. Во Русе победата ја однесе Пенчо Милков од Бугарската социјалистичка партија над Иван Иванов од ГЕРБ.

Борисов може да е задоволен од изборот на неговиот кандидат за Пловдив, Костадин Димитров, кој го победи Ивајло Старибратов од коалицијата Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија. Во Велико Трново победи кандидатот од ГЕРБ, Јордан Терзиски, додека во Шумен Христо Христов од Бугарската социјалистичка партија.

Шаренолика е сликата како исход од вчерашните избори во Бугарија, а многу места добија градоначалници од независните листи или од помалите партии. Пример е Ќустендил, каде градоначалник стана Огнен Атанасов од Партијата на зелените, јавува Медиапул.бг.

Неизвесниот финиш и тесната разлика во гласовите во Софија покажуваат дека сепак симпатизерите на ГЕРБ гласале за Вања Григорова, наместо за победникот Васил Терзиев. Токму ГЕРБ и коалицијата Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија се дел од актуелната влада, но меѓусебното истребување на кандидатите на изборите наместо заеднички листи водат кон криза во владината коалиција.

Бојко Борисов од ГЕРБ уште синоќа обвини дека Промените продолжуваат-Демократска Бугарија во вториот круг имале коалиција со проруските партии „Преродба“ и Бугарската социјалистичка партија и поради тоа се случиле изборни порази на неговата партија во неколку града.

Борисов по изборниот ден рече дека во среда ќе ја собере неговата партија ГЕРБ и ќе одлучи како ќе функционираат понатаму во однос на учеството во бугарската влада. Тој вчера не беше категоричен оти ќе ја напушти владејачката коалиција, но се закани дека ќе ги информира западните партнери за коалицијата меѓу Промените продолжуваат и „Преродба“ и оти нема да дозволи понатаму да има лицемерие.

Се чини дека најголем губитник на вчерашните избори е Бугарската социјалистичка партија. Нејзината лидерка Корнелија Нинова рече дека партијата освоила 72 градоначалници низ цела Бугарија, што е подобрување на резултатот во однос на претходните избори. Нинова додаде дека најголемиот губитник на изборите е ГЕРБ, додавајќи дека почнува да се остварува нивната цел да се загради моделот на владеење на Бојко Борисов, пренесе Медиапул.бг.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...