fbpx

Бугарската рафинерија „Нефтохим“ го крши ембаргото за руска нафта наметнато од ЕУ

Во првите девет месеци на 2023 година, бугарската рафинерија преработила 4,5 милиони тони руска сурова нафта (што е околу 95% од користената суровина во бургаската рафинерија „Нефтохим“). Тоа на Кремљ му овозможило речиси една милијарда евра приходи од даноци, што е сума еквивалентна на годишниот буџет на платеничката групација „Вагнер“, напоменува mediapool.bg

-

Рафинеријата „Нефтохим“ во бугарскиот крајбрежен град Бургас, којашто за главен сопственик ја има руската корпорација „Лукоил“, го заобиколува ембаргото од ЕУ за извоз на руска нафта во земји-членки и продава деривати и производи користејќи го доделениот исклучок од забраната за увоз во ЕУ на руска нафта и на деривати, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

Како резултат на сето тоа, „Лукоил“ заработила солидни суми од произведување горива и масла од евтината руска сурова нафта, потоа нивно извезување од Бургас наводно во земји надвор од ЕУ, по што доаѓало до претоварување од брод во брод на отворено море или во меѓународни пристаништа, заради прикривање на трагата, а потоа внесување на дериватите во земји од ЕУ, па дури и во САД.

До ваквите сознанија е дојдено во анализата на податоци изработена од „Глобал уитнес“, бугарскиот Центар за проучување на демократијата и Центарот за проучување на енергијата и чистиот воздух.

Според анализата, исклучоците што ЕУ ги воведе за Бугарија и централноевропските земји без излез на морее, како Унгарија, Словачка и Чешка за увоз на руска нафта до крајот на 2024 година дозволуваат затскриен влез на руската нафта на поширокиот европски пазар.

„Сегашното ограничување на цената на нафтата, зацртана на 60 долари за барел, е прекршено. Руската мешовита нафта „Уралс“ сега се продава за околу 75 долари за барел. Рускиот извоз продолжува да расте, достигнувајќи рекорд од 3,72 долари за барел дневно во почетокот на октомври. Околу 20-25% на европскиот увоз на сурова нафта и рафинирани производи е се уште од руско потекло, често индиректно, преку земји како Турција, Обединетите Арапски Емирати, Мароко, Египет и Индија“, се вели во анализата.

Во првите девет месеци на 2023 година, бугарската рафинерија преработила 4,5 милиони тони руска сурова нафта (што е околу 95% од користената суровина во бургаската рафинерија „Нефтохим“). Тоа на Кремљ му овозможило речиси една милијарда евра приходи од даноци, што е сума еквивалентна на годишниот буџет на платеничката групација „Вагнер“, напоменува mediapool.bg.

Со исклучокот од санкциите доделен од ЕУ, Бугарија е четвртиот најголем увозник на „Уралс“, по Индија, Кина и Турција. Инаку, исклучокот даден од Брисел е за „задоволување на домашниот пазар“ на Бугарија. Но, рафинеријата не само што го зголемила своето влијание на домашниот бугарски пазар и држи 90 отсто од него, туку и извезува деривати, вклучително и во Турција, Египет и ОАЕ.

Анализата покажува дека „Лукоил“ извезол производство вредно 930 милиони евра во 2023 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...