Атанасов: Се срами ли бугарското разузнавање што малата Македонија протера руски свештеник, кој 5 години удобно живее во Бугарија?

Малата Македонија со своите служби дозна дека рускиот свештеник кој живее во Софија и служи во Руската црква се занимава со разузнавање во Македонија и го протерале од таму, а тој живеел 5 години во Бугарија. Го прашувам бугарското контраразузнавање - имаат ли срам што тој што живее овде и развива разузнавачки активности во Бугарија е избркан од Македонија, а удобно живее овде, изјавува бугарскиот генерал Атанас Атанасов

-

Генералот Атанас Атанасов, претседател на Демократи за силна Бугарија (ДСБ) и копретседател на парламентарната група на владејачките „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), во изјава за БНТ ја критикува работата на бугарските безбедносни служби коментирајќи го потегот на македонското МНР да прогласи за непожелни тројца руски дипломати.

Дополнително, забрана за влез во земјава, покрај тројцата руски дипломати кои се протерани од државата добил и шефот на руското црковно предворје во Софија Васијан Змеев, како што објавуваат македонски медиуми, повикувајќи се на добро упатени извори во Министерството за надворешни работи.

Змеев, како што пишува Религија.мк е рускиот црковен претставник на Московската патријаршија, кој изминатава година имал интензивни посети на земјава и зачестени средби високи претставници на Македонската православна црква – Окридска архиепископија (МПЦ-ОА). Тој ја имал улогата на координатор на руските црковни политики на Балканот, со осбено влијание во Бугарија и во Северна Македонија.

Во студиото на програмата „Зборувај сега“ Атанасов, правејќи споредба меѓу Северна Македонија и Бугарија, а во однос на работата на безбедносниот изјави дека во Бугарија е потребна многу сериозна реформа и создавање обединета разузнавачка служба.

„Исклучително е важно да се промени начинот на кој работи оваа служба ДАНС. Мислам дека ефективноста е на многу ниско критично ниво. Не сум задоволен од работата на бугарското контраразузнавање на руски линии, особено по почетокот на војната. Целта е да се создаде обединета разузнавачка агенција“, изјавува тој.

Понатаму, тој дава пример дека „Северна Македонија протера тројца руски дипломати и еден руски свештеник“.

„Свештеникот е поглавар на Московската патријаршија во Софија“, рече Атанасов и прецизираше дека името на протераниот свештеник е токму Змеев.

„Дотичниот свештеник оди во Северна Македонија за да ги извршува функциите на руското разузнавање со цел да дојде до раскол во македонската црква. Малата Македонија со своите служби дозна дека рускиот свештеник кој живее во Софија и служи во Руската црква се занимава со разузнавање во Македонија и го протерале од таму, а тој живеел 5 години во Бугарија. Го прашувам бугарското контраразузнавање – имаат ли срам што тој што живее овде и развива разузнавачки активности во Бугарија е избркан од Македонија, а тој удобно живее овде?“, вели Атанасов за БНТ и додава дека „сите во ДАНС знаат дека овој свештеник овде е претставник на руското разузнавање во сенка“.

Инаку, неодамна претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју обелодени дека македонските служби имаат информации од партнерите во НАТО дека има налепени руски елементи и тоа во највисокото раководство на Синодот кои соработуваат со руските служби.

Kон крајот на јуни годинава, Македонската православна црква организираше протест со проруски елементи, против предлог измените на законите за родова еднаквост и за матична евиденција.

На протестот присуствуваа членови на проруската партија „Родина“, како и членот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Јовановски со неговите соборци кои носеа руски знамиња, а присутни беа и десетина припадници на „Ноќните волци“, познати поддржувачи на рускиот претседател Владимир Путин.

Руските дипломати протерани поради повреда на Виенската конвенција за дипломатски односи

 

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...