fbpx

Руските дипломати протерани поради повреда на Виенската конвенција за дипломатски односи

Она што е клучната разлика во соопштението на македонското МНР, во споредба со она на руското МНР, е што се тврди дека протераните руски дипломати ја прекршиле Виенската конвенција за дипломатски односи

-

Откако портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова се закани дека Русија ќе одговори на протерувањето на тројцата руски дипломати од Македонија, со официјално соопштение се огласи и македонското МНР.

Она што е клучната разлика во соопштението на македонското МНР, во споредба со она на руското МНР, е што се тврди дека протераните руски дипломати ја прекршиле Виенската конвенција за дипломатски односи.

Руските власти, од друга страна тврдат дека нивните дипломати се протерани без образложение.

Од македонското МНР велат дека на 12 септември го повикале амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин и му врачиле дипломатска нота, со која тројца руски дипломати во земјава се прогласени за непожелни, или персона-нон-грата.

„Ваквата одлука е донесена по информациите добиени од надлежните органи за превземени активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, соопшти МНР.

Претходно, руската портпаролка Захарова во однос на ваквиот потег се закани дека „неодговорниот и непријателски напад на властите на Северна Македонија нема да остане без одговор“.

Русија се закани со одговор на протерувањето на тројца дипломати од Македонија

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...