fbpx

Избори во Бугарија: Борисов ја загуби Софија, но води во помалите населени места

Медиапул.бг анализира дека партијата ГЕРБ на Бојко Борисов останува на првата позиција според моќта што ќе ја има на општинско ниво во Бугарија, со веќе пет градоначалници на поголемите градови што се избрани во првиот круг, но споредбата на изборните резултати со гласањето од пред четири години покажува дека влијанието на партијата продолжува да се намалува

-

Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, ја загуби можноста повторно да има свој градоначалник во Софија. Васил Терзиев од коалицијата „Промените продолжуваат-Демократска Бугарија-Спаси ја Софија“ освои 33 отсто од гласовите на вчерашните локални избори, додека кандидатката поддржана од Бугарската социјалистичка партија, Вања Григорова, освои 21,1 отсто од гласовите, јавува Медиапул.бг.

Партијата на ГЕРБ која досега ја водеше Софија, заврши на изненадувачкото трето место, а нејзиниот кандидат Антон Хекимјан освои само 16,2 отсто од гласовите. Граѓаните на Софија на 5 ноември ќе гласаат во вториот круг од локалните избори и ќе имаат можност да бираат помеѓу Терзиев и Григорова.

Речиси идентично како и во бугарскиот главен град, и во другите поголеми места низ земјата ќе има втор круг на изборите меѓу кандидатите на ГЕРБ и коалицијата „Промените продолжуваат-Демократска Бугарија“, кои всушност ја формираат актуелната бугарска влада.

Во Пловдив во вториот круг граѓаните ќе бираат помеѓу Костадин Димитров од ГЕРБ, кој во првиот круг освои 34,1 отсто, и Ивајло Старибратов од Промените продолжуваат-Демократска Бугарија кој вчера освои 18,4 отсто.

Во Варна во вториот круг одат кандидатите Благомир Коцев од ГЕРБ, кој освои 26,15 отсто во првиот круг, и Благомир Коцев од Промените продолжуваат-Демократска Бугарија кој освои 22,4 отсто.

Вчера беа избрани градоначалници на неколку поголеми градови. Во Бургас победи кандидатот на ГЕРБ, Димитар Николов со освоени 60,1 отсто од гласовите. Досегашниот градоначалник од ГЕРБ на Стара Загора, Живко Тодоров победи на изборите со освоени 55,2 отсто од гласовите. Партијата ГЕРБ освои градоначалници во првиот круг и во градовите Перник и Монтана.

Кандидатите на Бугарската социјалистичка партија пак во вториот круг покрај во Софија, ќе се борат за градоначалнички места во Русе и Шумен.

Медиапул.бг анализира дека партијата ГЕРБ на Бојко Борисов останува на првата позиција според моќта што ќе ја има на општинско ниво во Бугарија, со веќе пет градоначалници на поголемите градови што се избрани во првиот круг, но споредбата на изборните резултати со гласањето од пред четири години покажува дека влијанието на партијата продолжува да се намалува.

Па така, ГЕРБ пред четири години во првиот круг имал осум избрани градоначалници во поголемите градови, а ќе нема можност неговата партија да има градоначалник на Софија. Од Медиапул.бг потсетуваат дека и избраните градоначалници на Перник и Јамбол се поддржани од ГЕРБ, но всушност се кандидирале како независни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ФЗО протестираат – бараат повисоки плати и разрешување на управниот одбор

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денес протестираат со три барања, потврди претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски. Нивните...