fbpx

Во Бугарија протести на земјоделците против украинското жито, Русија обвинета за организација

„Денешниот протест има политички тон. Тие се обидувааат да ја дестабилизират јасната насока на Бугарија“, изјави министерот за транспорт Гвоздеиков

-

Бугарија денеска е блокирана од протестот на земјоделци, кои се против тргнувањето на забраната за увоз на украинско жито во оваа земја, јавува Мediapool.bg. Бугарскиот министер за транспорт Георги Гвоздеиков во изјава за бТВ рече дека Русија стои зад протестите на дел од бугарските земјоделци. Со трактори и комбајни, земјоделци ги блокираа патиштата што водат кон романската граница, а беа организирани и десетина други блокади на патиштата.

„Проблемот со увозот на украинското жито е повторно руска пропаганда. Кога ќе се дозволи увоз во 2022 година, производителите на жито остваруваат профит од 2 милијарди лева. Во 2021 година овие бројки се помали. Денешниот протест има политички тон. Тие се обидуваат да ја дестабилизират јасната насока на Бугарија“, изјави министерот за транспорт Гвоздеиков.

Ваквата директна изјава за руска организација на протестите на земјоделците доаѓа на денот кога започнаа протестите. Всушност, бугарскиот министер за земјоделство ги повика на средба земјоделците, но тие не се одзваа на неговата покана. Европската Комисија пак денеска потврди оти нема да дозволи презаситеност со украинското жито, бидејќи Бугарија ќе се договори со Украина за конкретни квоти на увоз.

Mediapool.bg во своето истражување откри дека дел од ограноците што ги организираат протестите се сметаат за блиски до бугарскиот претседател Румен Радев. Демонстрантите се поддржани од околу 30 организации од овој сектор, меѓу кои и производители на жито.

Земјоделците ги блокирале двата моста на реката Дунав што ги поврзуваат Бугарија и Романија.

На патот Софија-Варна, во близина на тарновското село Шереметја, земјоделците се пожалиле на масовни полициски контроли пред нивното вклучување во протестот. Слични поплаки има и од производителите од регионот на Пловдив.

Производителите на жито се обиделе да го блокираат главниот пат Е-79 и АМ „Струма“ кај Благоевград, но полицијата тоа не го дозволила.

Организаторот на протестот, Јулија Којунјиева, барањата ги соопшти на собирот во близина на патниот правец Е-79, по што демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, но не успеаја, бидејќи полицајците стоеја пред тракторите.

Проруските опозициски партии во бугарскиот парламент – Бугарската социјалистичка партија и Преродба денеска побараа оставка од владата. Пратеничката од Преродба, Искра Михајлова и лидерката на БСП Корнелија Нинова упатија критики за бугарската поддршка за Украина. Барањата за оставка беа првенствено насочени кон бугарскиот министер за одбрана Тодор Тагарев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...