fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Интервју, Петар Атанасов: Сакав да бидам министер оти малку се прави во образованието

Во образованието владата прави малку, или недоволно. Оттука мојата реакција и желбата да го водам овој ресор, со целосна одговорност, вели во интервју за „Мета“ доскорешниот заменик-министер за образование, Петар Атанасов, кој со ова потврдува дека една од причините за оставката е и амбицијата да стане министер. Тоа синоќа во телевизиско интервју го кажа и премиерот Заев „тоа го направи...

Филипче: Требаше да ни се случи епидемија, за да се освестиме (инфографик)

Точно половина година трае епидемијата на мали сипаници. Болеста се појави во декември во градинка во Радишани, по што беше прогласена епидемија на локално ниво, а кога доби поголеми размери, беше прогласена и во Скопје, а подоцна и на територија на целата држава. Кога во почетокот беше констатирано дека илјадници деца до 14 годишна возраст не примиле вакцина против морбили,...

Концесијата за Иловица ќе биде одземена, мора да се запазат законските процедури

Одлуката за одземање на концесијата за рудникот Иловица е практично донесена, бидејќи се стекнати формално-правно условите за раскинување на договорот со концесионерот „Еуромакс Рисорсис“, брифираат извори од владата. Ова практично значи дека, по истекот на седумте дена, дадени на денешната владина седница на Министерството за економија за „да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на...

Владата не пресече за рудникот Иловица, месното население најавува интензивирање на протестите

Владата на денешната 141. седница донесе одлука да го задолжи Министерството за економија „да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина - бакар и злато“, на „“Еуромакс Рисорсис“ на локалитетот „Иловица“, општина Босилово и општина Ново Село, и доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го одбие барањето на концесионерот. Ова е епилогот...

500 оценувачи прегледуваат тестови на 15.553 матуранти

Околу 500 оценувачи-професори по предметите кои беа дел од државната матура, деновиве ги прегледуваат тестовите што матурантите ги полагаа од почетокот на овој месец. Во Државниот испитен центар (ДИЦ) информираат дека според правилникот, резултатите треба да се објават до 13 јули. – Но, правиме напори учениците да ги имаат резултатите пред овој датум – кусо велат од таму. Годинава за полагање матура...

Граѓанска герила акција: Скопските дрвја во синџири

Граѓаните денеска со акција во Градскиот парк во Скопје, симболично доцртувајќи ги забетонираните корења на дрвјата, ставајќи синџири и оставајќи пораки за слобода на зеленилото, ги повикаа надлежните градски и општински власти да го отстранат бетонот со кој се задушени корењата на повеќе од 1.000 дрвја на територијата на Скопје, но и низ останатите градови во државата. „Како градоначалник кој...

Oставката на Атанасов oтвoра дилеми: Каде се образовните реформи?

Оставката на заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, отвара прашања за анализа - зошто стојат во место образовните реформи и зошто не се реализира во пракса сето она кое се очекуваше и ветуваше во изминатиот период? Атанасов вели дека главните приоритети во образованието за поголем квалитет, не се исполнети и дека ако се продолжи со ова темпо, образованието би...

Зошто да се гради автопат, а не експресен пат меѓу Прилеп и Битола?

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов минатата недела најавија дека државата годинава ќе го отпочне проектирањето на идниот автопат Прилеп - Битола. Во Годишната програма за работа на ЈП за државни патишта за 2019 година е вметнато задолжението за изработка на проектна документација за автопат Прилеп - Битола, но...

Атанасов: Премиере, Вие најдобро знаете зошто не ги остваривме промените во образованието!

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, на статус на Фејсбук напишал дека си поднесува оставка од функцијата, обраќајќи се на јавноста и на премиерот Зоран Заев. Причина за ваквата одлука е, како што напишал, неумеењето Владата да ги реализира промените кои биле ветувани. Тој, исто така, порачува и дека „револуцијата почнала да ги јаде своите деца“. „Во изминатите неполни 10...

Вишокот од Министерство за одбрана ќе оди во пензија, старите војници во државна агенција

АРМ чистење одбрана војска
Околу 300 вработени во Министерството за одбрана (МО) ќе заминат од оваа институција, најголемиот дел во пензија. Истовремено, се подготвува решение за продолжување на кариерата на војниците по навршување на 45 години старост. Тие, заедно со цел еден сектор од Министерството, веројатно ќе станат дел од нова државна агенција која, во рамки на плановите за ослободување од несуштински дејности...

Заев: Одлука за Иловица овој или следниот вторник, правно-формалните можности не се исполнети

Овој или следниот вторник Владата ќе ја донесе конечната одлука за иднината на рудникот Иловица, најави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со протестите на населението на Штука и на Иловица против рудникот и барањата да му се укине концесијата на „Еуромакс Рисорсис“. „Ако се биде завршено можно е овој вторник да се донесе одлуката, ако...

Годинава првпат по десет години курс за подофицери во АРМ

Војската годинава, по цели десет години, ќе спроведе курс за подофицери, со кој дел од професионалните војници ќе можат да напредуваат во кариерата и нивните тригодишни договори за работа да ги заменат со договор за вработување на неопределено време. Ваков курс последен пат бил спроведен во 2009 година, единствен пат во периодот на постојаните кратења на буџетот на одбраната од...

Иловица: Багерите запреа, блокадите продолжуваат, Владата молчи

Од Владата ниту денес нема никаква реакција на настаните околу неотворениот рудник Иловица во непосредна близина на струмичките села Штука и Иловица, иако група мештани веќе четврти ден им го блокира патот на екипите на концесионерот „Еуромакс Рисорсис“. На денешната блокада, со која селаните и активистите им го попречуваа приодот на работниците ангажирани од „Еуромакс Рисорсис“ и на археолозите на...

Со амин на Адеми, сите одлични основци ќе бидат примени во „Орце Николов“ без тестирање

Сите ученици со сите петки, кои се пријавиле за упис во скопската гимназија „Орце Николов“, нема да полагаат квалификациони тестови и ќе бидат примени во постоечките паралелки. Ова е последната одлука на надлежните во Министерството за образование и наука (МОН), по денешната средба со родителите на ученици кои поднеле документи за упис во ова училиште. Во МОН соопштија дека најверојатно...

Војската ќе се подмладува со по 250 нови војници годишно

По 250 нови војници ќе се вработуваат секоја година, во рамки на трансформацијата на АРМ која почна со Стратегискиот одбранбен преглед (СОП), донесен минатата година, потврди Министерството за одбрана информациите за „Мета“. До утре трае јавниот оглас за прием на 125 професионални војници, првиот контингент регрути за годинава. Минатата година, со три конкурси, беа вработени 375 нови војници. Поради постојаните кратења...

Две јавни претпријатија ќе ги бројат возилата што се движат на патиштата

Покрај тоа што ЈП „Македонија пат“ со години наназад ја утврдува фреквенцијата на возила на македонските патишта, Јавното претпријатие за државни патишта од годинава и самото ќе ја мери бројката на возила. Рачното броење на сообраќајот во наредните 12 месеци ќе се врши со мобилни бројачи, за што е склучен договор со Заводот за испитување на материјали и развој на...

И понатаму блокади во Иловица, Владата без став за проблемот со рудникот

Владата не расправала за ситуацијата со блокадите кај рудникот Иловица, дополнително ќе информираме доколку стане збор за тоа, е одговорот на владината прес-служба на прашањето на „Мета“ за ставот во врска со случувањата во струмичките села Штука и Иловица, каде веќе трет ден траат блокади на приодот кон локацијата на идниот рудник за бакар Иловица. Како што и најавија во...

Се зголемува бројот на домаќинства кои се приклучуваат на гасоводната мрежа во Куманово

Јавното претпријатие „Куманово гас“ приклучи на гас уште една станбена зграда со 30 станови, информираше директорот на претпријатието, Никола Денковски. Денковски потенцираше дека со приклучокот на оваа единица, расте бројот на физички лица кои ќе користат природен гас за загревање наредната грејна сезона. Во Куманово, гас користат преку 160 домаќинства од кои 40-тина куќи, останатите се станови „Неодамна е приклучена колективна...

Патарините се мал дел од инвестициите – патиштата ги градиме од кредити (инфографик)

Најголем дел од средствата што се инвестираат во патната инфраструктура во земјава се средства добиени од кредити. Дури 57,4% од средствата во годинешниов буџет на Јавното претпријатие за државни патишта се позајмувања од кинеската Ексим банка, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Светската банка (СБ) и Европската инвестициона банка (ЕИБ). Наспроти нив, само 15,4% од вкупните приходи планирани...

Втор ден блокади за „Еуромакс“ и за археолозите кон рудникот Иловица

Група жители од струмичките села Штука и Иловица и денес од 5 часот изутрина повторно го блокираа приодот кон просторот на рудникот Иловица за да ги спречат работниците ангажирани од страна на концесионерот  „Еуромакс Рисорсис“, како и археолозите од Археолошкиот музеј од Струмица да продолжат со ископувањата на теренот. Блокадата се одвива веќе втор ден и, според најавите на...

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...