fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Преку патарините плаќаме за кредитите, каматите и провизиите за автопатите (видео + инфографик)

video
И покрај тоа што ги имаат едни од најниските плати во Европа, македонските граѓани сепак плаќаат многу скапи патарини. Надоместокот за извозен километар со автомобил изнесува 2,6 денари, а усвојувањето на новата цена на патарината во 2014 година беше оправдано од ВМРО - ДПМНЕ со тврдењето дека светската економска криза завршила и висината на надоместокот мора да се зголеми...

Влада: Исполнети се законските услови за одземање на концесијата на „Еуромакс“ за Иловица

Министерството за економија на денешната седница на владата информираше дека се исполнети законските услови за донесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово на „Еуромакс рисорсис“, информираат од владата. Во информацијата која што денеска пред Владата ја презентирало Министерството за економија, било утврдено...

ОЕЦД: Оценките што ги пишуваат наставниците не се веродостојни

Повеќе од две третини или 70,7 отсто од петнаесетгодишниците во Македонија немаат основни вештини за читање. Посебно загрижува фактот дека во земјата има голем број ученици кои не стекнуваат основни вештини и за математика. Ова го пишува во последното резиме на прегледот на образовниот систем, на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), кои даваат препораки за тоа, што...

Каков буџет му остави Тевдовски на Заев?

Заклучно со мај, годинава реализацијата на капиталните трошоци од буџетот изнесува 3,5 милијарди денари, што е 13,7 отсто од вкупната предвидена сума за 2019 година од 25,9 милијарди денари, покажуваат податоците на Министерството за финансии за извршување на буџетот. Ниската реализација на капиталните инвестиции од буџетот е само една од причините поради која премиерот Зоран Заев реши да го преземе...

Шест здравствени домови добија нови возила за итна помош

Министерството за здравство, но и некои здравствени домови кои имаат Служба за итна медицинска помош, известија дека новите амбулантни возила веќе се во употреба, пренесува „Порталб“. Се работи за шест амбулантни возила, дел од пакетот на 12 амбулантни возила за кои беше потпишан тендер во декември 2018 година, и кои требаше да бидат распределени во Кичево, Дебар, Струга, Крушево, Крива...

Од денеска почна електронската наплата на патарините на Коридорот 10

Контролниот центар за мониторирање и безбедност на патиштата беше отворен денеска кај наплатниот пункт „Петровец“, со што стартуваше и електронскиот систем за наплата на патарините Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридор 10, како и на наплатната станица Петровец. Патарината се плаќа со бесконтактни смарт-картички и со микробранови транспондери, а покрај тие опции, одреден временски период останува и можноста за...

Заев: Ако нема ребаланс на буџетот ќе останеме без гасификација

Премиерот Зоран Заев, кој времено треба да ја преземе функцијата министер за финансии до назначувањето на нов министер, потврди дека ќе има ребаланс на буџетот, но најпрво треба да се направат потребните анализи и да се види каде се потребни промени во буџетските стапки. - Знам дека одредени буџетски ставки мора да ги промениме. Најголем дел е заради максимализација на...

И мерната станица во Центар жртва на горештините: Крахира мониторингот на аерозагадувањето

Skopje i Vodno sonce sonchevo krstot od Kale
Мониторинг системот на мерната станица Центар е надвор од функција и не го мери аерозагадувањето во центарот на Скопје. Последните податоци кои ги испраќаше оваа мерна станица континуирано покажуваа зголемени вредности на ПМ 2,5 честичките од 62 микрограми на кубен метар, а вчера од 18 часот оваа мерна станица е исклучена. Претходно на истата станица откажа сензорот за ПМ...

Меѓународни возови премалку, граѓаните приморани да плаќаат поскапи автобуски карти (инфографик)

Македонија е една од ретките европски земји каде меѓународниот железнички сообраќај е пред замирање. Покрај отсуството на експресни возови кон поголемите градови во текот на целата година, за граѓаните не се воведени ниту прекугранични возови кон Србија, Грција и Косово. Жителите од пограничните градови се приморани да плаќаат поскапи автобуски билети, поради фактот што националните железнички управи имаат организирано...

Седма година суша на нафтоводот Солун – Скопје

Нашата земја е една од ретките која на својата територија има нафтовод што не го користи. Изминува седмата година откако во 2013. беше стопиран транспортот на сурова нафта преку нафтоводот Солун - Скопје, а сè уште нема никакви конкретни најави за негово рестартирање. Прекинот на транспортот тогаш беше образложен со застарена технологија во рафинеријата „Окта“ и неисплатливата преработка, но...

Од среда патарината и официјално ќе може да се плаќа и електронски

Од Јавното претпријатие за државни патишта, денеска објаснија дека електронската наплата на патарина официјално би требало да стартува в среда. Директорот Зоран Китанов, на 13 јуни изјави дека на автопатот долж Коридорот 10 веќе во јуни ќе може да се плаќа патарина со електронска картичка или таг. - Системот би требало официјално да проработи в среда - објаснија денеска од...

Од наесен повторно хартиен билет за едно возење во јавниот превоз

Фото: Борче Поповски
Во автобусите на ЈСП - Скопје и на приватните превозници од септември повторно ќе може да се купи хартиен билет за едно возење. ЈСП во моментов го реализира тендерот за набавка на 300.000 хартиени електронски билети, кои се адекватни на постојниот систем за плаќање во јавниот превоз. Оттаму информираат дека е избрана компанијата што доставила најдобра понуда, во овие...

„Mајка и дете“: Тетово е и складиште на возила, општината да преземе мерки

Иако став 15 од член 5 од Законот за комунални дејности ја обврзува општината да ги отстрани старите возила од јавни површини, такви возила има насекаде низ Тетово. Движењето „Мајка и дете“ започна кампања во која, преку објавување слики на стари возила, кои со години го узурпираат јавниот простор, изразува револт против општината, пренесува „Порталб“. Фотографиите од старите возила интензивно...

Аерозагадувањето расте, греење нема, мерачите се исклучени, нови дури догодина

Загаден воздух со вредност од дури 404 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички кај скопски Ректорат беа забележани на страницата „Мој воздух“ денес во 11 часот. На половина од календарската 2019 година, државата се уште не ја извршила набавката на инструментите од мрежата на 17 мерни станици во земјата кои го мерат аерозагадувањето, а кои во моментов се...

Стопирани три објекти од „Скопје 2014“ поради проблемите на „Бетон“ – Штип

Skopje i Vodno sonce sonchevo krstot od Kale
Целосно застанаа градежните работи на објектите на ФИНКИ, Градска куќа и Офицерскиот дом, дел од проектот Скопје 2014, откако штипски „Бетон“ се најде во предстечајна постапка. Во вторник во Основниот суд во Штип се очекува предстечајниот управник Драги Димовски да поднесе извештај за состојбата во „Бетон“. Потоа главните доверители, кои побараа отворање на постапката, ќе одлучуваат дали ќе му дадат...

Нелегален сточен пазар никна на тротоарите на влезот во Тетово

Продолжува узурпацијата на јавните површини во Тетово од уличните продавачи. На тротоарот на влезот во Тетово никнува нелегален пазар на кој се продаваат животни. Она што започна минатиот четврток со само двајца или тројца продавачи, оваа недела се претвори во вистински сточен пазар. Сепак, по сè изгледа, ова не ги вознемирува воопшто претставниците на комуналниот инспекторат, кои се недостапни...

Новата наплатна рампа кај Гевгелија ги разгневи жителите на околните села

Локалното население од гевгелиските села Миравци, Смоквица и Прдејци бараат да бидат ослободени од плаќање патарина на новата наплатна рампа, која треба да се пушти во употреба наредниве денови. Жителите кои секојдневно патуваат по автопатот до Гевгелија и назад сметаат дека патарината во износ од 100 денари во еден правец ќе претставува голем финансиски товар за нив, а во...

Депонијата кај ромската населба во Тетово „расте“, од општината велат дека ја чистат

Сè уште не е расчистена дивата депонија кај ромската населба во Тетово, која со година е ѓубриште. Од Општина Тетово велат дека депонијата ја чистат, но дека повторно се загадува од Ромите кои работат со отпад, пренесува „Порталб“. Жителите од оваа населба се жалат бидејќи од депонијата се шири многу лоша миризба и постои ризик од ширење на некоја болест....

На крајбрежјето, на Галичица и во стариот дел на Охрид има 409 нелегални градби

Согласно со препораките кои беа нотирани од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, општината Охрид изработи посебен Регистар на нелегалните градби на нејзината територија. Во оваа електронска база на податоци внесени се вкупно 1.076 предмети за кои, во периодот од 2006 година до мај 2019 година, инспекциските служби имаат констатирано прекршувања на Законот за градење и имаат донесено...

Светска банка незадоволна од темпото на изведба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Izvor na fotografija: Vlada na RSM
„Умерено незадоволителна“ е оценката на Светската банка за напредокот во целокупната имплементација на проектот за изградба на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка на Коридорот 8. Заемодавачот на средствата за проектот нагласува дека изведбата на целокупниот пат долг 23 километри е во тек, но физичкиот напредок во изградбата треба да се забрза за време на летниот период. Како резултат...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...