fbpx

Депонијата кај ромската населба во Тетово „расте“, од општината велат дека ја чистат

-

Сè уште не е расчистена дивата депонија кај ромската населба во Тетово, која со година е ѓубриште. Од Општина Тетово велат дека депонијата ја чистат, но дека повторно се загадува од Ромите кои работат со отпад, пренесува „Порталб“.

Жителите од оваа населба се жалат бидејќи од депонијата се шири многу лоша миризба и постои ризик од ширење на некоја болест. Сепак, според општината, тие ја чистат депонијата, но таа повторно се создава.

„Депонијата е исчистена неколку пати, но повторно се загадува од Ромите кои работат таму со отпадоци“, велат од Општина Тетово.

Жителите ги демантираат ваквите тврдења и велат дека депонијата не е исчистена до денес. Сепак, очигледно е дека депонијата во ромската населба не спаѓа во исчистените делови.

Сличен е примерот со реката Пена – иако жителите од деловите на Тетово крај бреговите на Пена велат оти виделе дека реката последен пат била темелно исчистена во 2015 година, од општината велат дека реката се чисти секоја година, во деловите каде што е потребно.

„Реката Пена речиси секоја година се чисти целосно, а во текот на годините е исчистена во делови каде што било неопходно. Оваа година, е постапено исто, така што е исчистена во некои делови, каде што беше најпотребно поради ризикот од поплави, а чистењето ќе продолжи до крајот на годината”, велат од општината.

Локалната самоуправа ја префрлува вината врз несовесните граѓани.

„Најголем проблем во сето ова е неодговорното однесување на некои граѓани кои фрлаат различни отпадоци во речното корито, а потоа доаѓа до акумулирање на овие отпадоци во различни делови, најчесто на крајот на градот, каде што состојбата се влошува, но се интервенира во многу случаи кога тоа е потребно”, велат од Општината.

Тие велат дека чистењето ќе продолжи, бидејќи тоа е редовна постапка. Според нив, не може да се каже дека ако е сега исчистено, по неколку месеци нема да има потреба повторно да се чисти.

Во интервју за „Вистиномер“ и „Порталб“ пред една година, градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи вети чистење на дивата депонија во улицата „Дервиш Цара”, оддалечена само 700 метри од општинската зграда. Ова ветување досега не е реализирано.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...