fbpx

ОЕЦД: Оценките што ги пишуваат наставниците не се веродостојни

-

Повеќе од две третини или 70,7 отсто од петнаесетгодишниците во Македонија немаат основни вештини за читање. Посебно загрижува фактот дека во земјата има голем број ученици кои не стекнуваат основни вештини и за математика. Ова го пишува во последното резиме на прегледот на образовниот систем, на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), кои даваат препораки за тоа, што треба да направат образовните власти во државата за да ги поправат работите.

Интересно е тоа што во овој извештај, е нотирано дека оценувањето тешко може да се примени во поддршка на учењето, „бидејќи оценките на наставниците не се засноваат врз утврдени национални стандарди за учење, така што податоците за постигнувањата на учениците не се веродостојни“. Оваа забелешка, отвара дилема, дали и зошто има потреба да се менува начинот на оценување и вреднување на постигањата на учениците. Освен тоа, во документот се предлага да се прошири скалилото за оценување и да биде од 1 до 10. Со тоа, велат, ќе се овозможи поголем простор за разликување на различни нивоа на достигнувања.

„Во земјата е забележан највисок процент на ученици (52,2 отсто) што не успеваат да покажат основни познавања во три домени по наука, математика и читање меѓу земјите учеснички на меународното тестирање ПИСА. Во однос на читањето, над две третини ученици на 15 годишна возраст немаат основни вештини за читање (70,7 отсто), според мерењата на ПИСА. Тоа се споредува со 20 отсто ширум земјите на ОЕЦД, 50 отсто во Албанија и 42 отсто во Црна Гора. Иако со текот на времето има опаѓање на бројот на ученици со слаби резултати во поголемиот дел од регионот, процентот на ученици со лоши резултати во Северна Македонија е зголемен за речиси седум процентни поени меѓу 2000 и 2015 година. Освен тоа, со 3,7 отсто од БДП во 2016 година, владиното трошење за образование во Македонија е пониско од
просекот во ОЕЦД (4,2 отсто од БДП) и има опаднато во последните години“, нотирано е во извештајот.

Во резимето стои дека македонскиот образовен систем нема поставено јасни цели за резултатите што сака да ги постигне, како и дека повеќето училишта не можат да ги покријат основните трошоци за работа и да инвестираат во подобрување на учењето и наставата.

„Учениците ретко добиваат повратна информација од наставниците која би им помогнала да го подобрат своето учење. Што се однесува до државната матура, Државниот испитен центар треба да направи анализа на прашањата по секое спроведување на матурата заради увид во тоа, како учениците се справуваат со прашањата на тестот. Преку анализата може да се добијат информации за подготовка
на прашањата во иднина така што ќе се избегнат голем број лесни или многу тешки прашања или прашања преку кои не може да се направи јасно разликување. Ова ќе помогне да се подобри квалитетот на прашањата и да се нормализира распределбата
на оценките кај учениците“, стои во извештајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...