Светска банка незадоволна од темпото на изведба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

-

„Умерено незадоволителна“ е оценката на Светската банка за напредокот во целокупната имплементација на проектот за изградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка на Коридорот 8. Заемодавачот на средствата за проектот нагласува дека изведбата на целокупниот пат долг 23 километри е во тек, но физичкиот напредок во изградбата треба да се забрза за време на летниот период. Како резултат на ваквиот заклучок на Светската банка, во последниот Извештај за статусот на реализација и резултатите на проектот е променета претходната оценка од „умерено задоволителна“ во „умерено незадоволителна“.

Ваквата критика од Светската банка доаѓа заедно со последниот извештај на Министерството за финансии, во кој се вели дека владата во првите 5 месеци од годинава успеала да потроши само 13,74 отсто од средствата наменети за капитални инвестиции во 2019 година.

Изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка започна на 22 јуни минатата година, со рок на изведба од 3 години. Граѓаните по новиот пат ќе треба да се возат веќе од средината на 2021 година, за што од Светската банка беше земен кредит во 2015 година. Вредноста на инвестицијата е над 58 милиони евра.

Во изјава за „Мета“, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов на средината на јуни тврдеше дека експресниот пат Ранковце – Крива Паланка непречено се гради. Иако добил наследен готов проект кога дошол на позицијата директор, процентот на експропријација на земјиштето бил многу низок и од Светска банка имало забрана за градење на проектот, со закана дека кредитот ќе си го земат назад.

– Примив нови правници и за 5 месеци дојдов до 90 отсто експропријација на земјиште – посочи тогаш директорот Китанов.

Не е точно дека Европската Унија „врши геноцид врз Македонија и македонскиот народ“

Не е точно дека Европската Унија е фашистичка творба и уште помалку дека таа „врши геноцид врз Македонија и македонскиот народ“, како што тоа сака да го прикаже објавата која е...

Не е точно дека дискотеката „Пулс“ во Кочани била намерно запалена со дрон

Објавата споделува фотографија од дрон, која доколку ја пребарате на Гугл ќе видите дека прикажува дрон што го дизајнирале Кинезите пред пет години за гаснење на пожари, а не за палење...

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70 тони жива,...

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Не е точно дека Европската Унија „врши геноцид врз Македонија и македонскиот народ“

Не е точно дека Европската Унија е фашистичка творба и уште помалку дека таа „врши геноцид врз Македонија и македонскиот народ“, како што тоа сака да го прикаже објавата...