fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Aвтопатот Тетово – Гостивар годинава ќе добие проект за реконструкција и проширување (инфографик)

Дупки на коловозот, нерамен асфалт и немање можност за застанување со возилото на помошна лента. Ова е постојната слика на автопатот Тетово - Гостивар, кој е воедно и еден од најфрекветните патишта во земјава. За минување по оваа делница граѓаните за своите автомобили плаќаат по 60 денари во еден правец, а за возврат добиваат автопат што се наоѓа во...

Закон за основно образование: Мора да ги вратиме изгубените вредности кај учениците

Новиот Закон за основно образование кој е во собраниска процедура и кој е актуелен изминатиов период, предвидува повеќе промени. Она што е интересно за анализа е тоа што во целите е наведено дека ова ќе биде документ чија примена треба да започне да создава деца со поголема самодоверба, деца што образовниот процес ќе ги учи на почит, на разбирање,...

Дивата депонија кај Шутка: Едни ја чистат, други ја полнат, трети ја палат – а сите се гушат

На просторот од 170.000 квадратни метри, кој се наоѓа на 5 километри од Скопје започна чистењето на досега исфрленото ѓубре, но за жал, паралелно продолжува и фрлањето отпад. Просторот за кој зборуваме е дивата депонија над населбата Шуто Оризари и селото Визбегово, која постојанo или самата се запалува или некој ја пали, а е опкружена со ниви засадени со...

За 2 недели продадени 3.600 смарт картички и тагови за плаќање патарина

Расте интересот на македонските возачи за новиот електронски систем за наплата на патарина. Во изминативе 2 недели се продадени речиси 3.600 бесконтактни смарт - картички и тагови, информира за „Мета“ директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов. Тој очекува да продолжи зголемувањето на бројката на продадени уреди за плаќање. Уште поголем раст се очекува по воведувањето на...

Кога имаат менструација не одат во школо поради валканите и неопремени тоалети (инфографик)

Цели 90 отсто од ученичките во селата во Македонија отсуствуваат од училиште четири до пет дена во текот на месецот кога имаат месечен циклус, а 75 отсто од ученичките во урбаните средини изостануваат два до три дена поради истите причини. Ова го покажало истражувањето кое го направиле Институтот за јавно здравје и „Новинари за човекови права“. Како причини за ова...

„Телеком“ ќе прави билети за едно возење за ЈСП и нова Андроид апликација

„Македонски Телеком“ го доби тендерот вреден над 2,2 милиони евра за подготовка на нова Андроид апликација за паметни телефони, за воведување на 300.000 електронски хартиени билети за едно возење и за набавка на нови валидатори за картичката „Скопска“ за јавниот превоз. ЈСП - Скопје на почетокот од јули го склучило договорот, со кој од претстојнава есен на граѓаните повторно ќе...

Продадени 1.400 тагови и картички за електронската наплата на патарините

Македонските возачи купиле околу 1.400 тагови и картички за електронска наплата на патарините во првата недела по официјалниот старт на овој проект. Околу 40 отсто од продадените уреди се микробрановите транспондери (тагови) што чинат 1.200 денари, додека останатите 60 отсто се бесконтактните смарт - картички што можат да се набават за 100 денари. На патарините долж Коридорот 10 веќе...

За заштита од бучава на автопатите ќе се одвојат над два милиона евра

Јавното претпријатие за државни патишта годинава ќе отпочне да го решава проблемот со бучавата од сообраќајот на фреквентните патишта во земјава. На две локации на автопатите од Коридорите 8 и 10 - покрај Куманово и на скопската обиколница во близина на Сарај ќе се постават заштитни огради од бучава, кои на околните домаќинства ќе им овозможат надминување на проблемот...

Втората фаза од пругата кон Бугарија ќе почне да се гради од 2020 година

До крајот на годинава ќе се избере изведувач на втората фаза од железничкото поврзување со Бугарија, а конкретни градежни работи на терен се очекуваат на почетокот од 2020 година. Од Министерството за транспорт и врски за „Мета“ информираат дека Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во моментов врши евалуација на пристигнатите понуди во претквалификациската фаза од меѓународниот тендер...

Примарната мрежа од гасоводот во Карпош во голем дел е завршена

Примарната мрежа од гасоводот во Карпош во голем дел е завршена, но таа постојано може да се надградува, по барање на заинтересирани страни, велат од Општина Карпош за „Мета“ на прашањето дали е завршена изградбата на гасификационата мрежа. „Гасификацијата на сите скопски општини се одвива преку новоформираното јавно претпријатие „Градски енергетски системи“ АД Скопје. Општина Карпош на ова јавно претпријатие...

За 5,7 милиони евра ќе се доградува автопатот Миладиновци – Штип

Јавното претпријатие за државни патишта ќе ги догради 10-тината сервисни патишта и клучката кај Свети Николе на автопатот Миладиновци - Штип. Градежната фирмата „Гранит“ од Скопје е избрана за изведувач на работите за докомплетирање на овој автопат, кои не биле претходно влезени во проектот по кој кинескиот изведувач „Синохидро“ ја градеше оваа делница. Сервисните патишта ќе му олеснат на...

Само 15 инспектори контролираат околу илјада меѓуградски и меѓународни автобуси! (инфографик)

Државниот инспекторат за транспорт има само 15 инспектори за контрола на 996 автобуси за меѓуградски и меѓународен превоз во земјава. За 16 месеци регистрирани се само осум случаи на претоварување на автобуси во меѓуградскиот превоз, а „Порталб“ регистрирал два такви случаи само за еден месец. Според законските одредби, ДИТ врши надзор на меѓуградскиот и меѓународниот превоз на патници и стоки,...

Со 4 нови автобуси „Исузу“ ќе се поднови прилепскиот јавен превоз

Јавниот превоз во Прилеп наесен ќе добие 4 нови нископодни автобуси од марката „Исузу“. Јавното претпријатие за ПУП - Прилеп го потпиша договорот со фирмата „Аутомакедонија“ од Скопје за обнова на возниот парк, инвестиција вредна 60 милиони денари. Идните автобуси ќе сообраќаат на постојните градски линии и ќе заменат дел од амортизираниот возен парк, со просечна старост од над...

Ако се слуша УНЕСКО, најмалку една година ќе треба за препроектирање на пругата од Струга кон Албанија

Препроектирањето на пругата од Струга кон Албанија на Коридорот 8 би чинело од 3 - 5% од вредноста на ново проектираната траса, при што на проектантите ќе им требаат барем една година за да ја изработат алтернативната рута по препораката што ја дава УНЕСКО. Професорот Дарко Мославац од Градежниот факултет при УКИМ нагласува дека ќе требаат и време и финансии...

Експресниот кинески воз за Битола „времено“ е укинат веќе цела година, прескапа била поправката

Експресниот воз „Хераклеа“ на релацијата Скопје - Битола е укинат веќе една година, без најави за негово повторно враќање во сообраќај. И покрај бројните реакции на граѓаните за повторно воведување на овој воз, од Железници на РСМ - Транспорт велат дека еден од новите кинески возови е расипан и неупотреблив за сообраќај. - Поради високата цена за поправка како и...

Индустриските потрошувачи во Прилеп ќе може да се приклучат на гас кон крајот на 2020

Општина Прилеп склучи договор со компаниите „Простор“ ДОО Куманово и „Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл“, Скопје за изработка на проектна документација за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа. Од Општина Прилеп за „Мета“ велат дека во тек се изработката на идејниот проект за дистрибутивна мрежа и проектот за инфраструктура кои треба да завршат кон крајот на ноември. До тој рок треба...

Рашковски: Ќе има тендер за чистење на линданот од малата депонија кај ОХИС, за Пеленица немам овластувања

Наредниве денови ќе се објави тендерот за отстранување на линданот од малата депонија, информираат од кабинетот на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, како одговор на прашањето што е превземено од страна на работната група на чие чело е токму тој, за депониите на опасниот линдан од некогашната хемиска фабрика ОХИС. Во мај минатата година, премиерот Зоран Заев објави дека...

Власта разгледува модалитети како да спроведе ветинг за судиите и обвинителите

ДУИ бара од коалициониот партнер СДСМ да поддржи ветинг (проверка) за сегашните и идните функционери, со што ќе се опфати судството, судии и обвинители, додека СДСМ сé уште чека да види што ќе се случи со реформите што се спроведуваат во судството. Неофицијално, СДСМ, исто така, работи на изнаоѓање соодветни модалитети за таков процес, објавува „Порталб.мк“. Пратеникот на ДУИ Артан Груби...

Сотировски: Не ни кажаа дека Градот нема ингеренции да ги ослободи сите заробени дрвја кога го потпишавме меморандумот

Во јануари годинава скопскиот градоначалник Петре Шилегов и деканот на Шумарски факултет при ПМФ во Скопје, Кирил Сотировски потпишаа меморандум со кој Градот се обврзува да ослободи над 800 дрвја, заробени во бетон и асфалт низ скопските улици, а Факултетот да ја даде потребната стручна помош. Јавноста тогаш дозна дека во Скопје има стотици дрвја, скапоцени „фабрики за кислород“...

Преку патарините плаќаме за кредитите, каматите и провизиите за автопатите (видео + инфографик)

video
И покрај тоа што ги имаат едни од најниските плати во Европа, македонските граѓани сепак плаќаат многу скапи патарини. Надоместокот за извозен километар со автомобил изнесува 2,6 денари, а усвојувањето на новата цена на патарината во 2014 година беше оправдано од ВМРО - ДПМНЕ со тврдењето дека светската економска криза завршила и висината на надоместокот мора да се зголеми...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...