fbpx

Од среда патарината и официјално ќе може да се плаќа и електронски

-

Од Јавното претпријатие за државни патишта, денеска објаснија дека електронската наплата на патарина официјално би требало да стартува в среда. Директорот Зоран Китанов, на 13 јуни изјави дека на автопатот долж Коридорот 10 веќе во јуни ќе може да се плаќа патарина со електронска картичка или таг.

– Системот би требало официјално да проработи в среда – објаснија денеска од јавното претпријатие во телефонски разговор за „Мета“.

Со електронската наплата на патарината граѓаните би добиле попуст од 2 до 7 отсто на патарините долж Коридорот 10. Воедно, новиот начин на плаќање овозможува помали чекања на наплатните рампи, кои токму во летните месеци се окупирани од голем број на возила на граѓаните што патуваат на море.

Властите во изминатиов период безброј пати го одложија профункционирањето на проектот, за кој беше потпишан договор за негова реализација со турската компанија „Аселсан“ во ноември 2014 година.

Првичниот рок за пуштање во употреба на системот за наплата со електронски уреди беше почетокот на 2016 година. За набавка на камерите, читачите на картичките и останатата опрема се зеде кредит од ЕБОР во висина од 18,7 милиони евра. По три и пол години доцнење на проектот, целокупната опрема е инсталирана на патарините долж Коридорот 10. Доколку сакаат да платат со новиот систем, граѓаните ќе треба на наплатните рампи да купат електронска картичка по цена од 100 денари. Втората опција е за 1.200 денари да се набави таг за автоматско отчитување на патарината.

И двата електронски уреди ќе треба да се надополнуваат, при што возачите ќе добијат попуст од 2 отсто доколку надополнетата сума изнесува од 301 до 10.000 денари, 3 отсто попуст за надополнета сума од 10.001 до 50.000 денари, 5 отсто попуст за надополнета сума од 50.001 до 300.000 денари и 7 отсто намалување на цената за патарина при надополнување на сума од над 300.001 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...