fbpx

Паднаа цените на роамингот во Западен Балкан – наскоро и со ЕУ

-

Покрај тоа што од денеска драстично паднаа цените на роaмингот помеѓу земјите од Западен Балкан, на пат е и договор со Европската унија за намалување на овие цени за граѓаните од земјите од регионот, соопшти денеска Регионалниот совет за соработка (РСС) кој посредуваше во постигнување на договорот.

Во просек, цените за повик се намалени за 65 отсто додека цените за пренос на податоци за 78 отсто, со тоа што во некои случаи тоа изнесува и 99 отсто.

На пример, цените на повик во некои случаи паднаа на 0,08 евроценти, а цената на пренос на податоци на 0,03 евроценти, во зависност од операторот.

Првиот договор за намалување на цените на роамингот, за кој исто така посредуваше РСС е постигнат уште во 2014 година беа опфатени БиХ, Црна Гора, Република Србија и Република Северна Македонија. Оваа година кон идејата се приклучија и Албанија и Косово, со што беше постигнат услов за нов Регионален договор, потпишан во април во Белград на вториот Дигитален самит, а кој треба да заврши со целосно укинување на роамингот во 2021 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...