fbpx

Новата наплатна рампа кај Гевгелија ги разгневи жителите на околните села

Локалното население од гевгелиските села Миравци, Смоквица и Прдејци бараат да бидат ослободени од плаќање патарина на новата наплатна рампа, која треба да се пушти во употреба наредниве денови

-

Локалното население од гевгелиските села Миравци, Смоквица и Прдејци бараат да бидат ослободени од плаќање патарина на новата наплатна рампа, која треба да се пушти во употреба наредниве денови. Жителите кои секојдневно патуваат по автопатот до Гевгелија и назад сметаат дека патарината во износ од 100 денари во еден правец ќе претставува голем финансиски товар за нив, а во ваквото мислење ги поддржа и гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков.

Тој на вчерашната прес – конференција посочи дека изведбата на регионалниот пат Смоквица – Прдејци не е завршена и треба да се доградат преостанатите 2 километри, за да можат жителите да го избегнат патувањето по автопат со возилата.

Градоначалникот Поцков уште на 10 јуни годинава упатил писмено укажување на оваа тема до Јавното претпријатие за државни патишта.

– Доколку стартува наплатата на патарината кај Смоквица, а регионалниот пат сè уште не е готов, дали постојат можности за алтернативно решение поради оправданите реакции на граѓаните – прашува градоначалникот Поцков.

Од ЈП за државни патишта уште на почетокот на месецов најавија дека во следниве недели ќе биде пуштена во употреба новата патарина кај Гевгелија, на која ќе се плаќаат по 100 денари од автомобил за користење на автопатот Демир Капија – Смоквица.

За разлика од кај нас, локалното население во соседните земји добива големи попусти при плаќањето патарини што се наоѓаат во непосредна близина на нивното место на живеење. Во Албанија, жителите од Кукс добиваат попуст и до 84 отсто за патарина при возењето со автомобил кон Тирана. Локалното население во Грција има можност да избере една наплатна рампа што секојдневно ја минува, при што со плаќање со електронски картички или тагови добиваат попуст и до 80 отсто од редовната цена што се плаќа на наплатните рампи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...