fbpx

Охриѓанката Маргарита Каровска – Нили, дел од тимот на опсерваторијата „Чандра“

-

Охриѓанката Маргарита Каровска – Нили веќе неколку децении работи во Центарот за астрофизика Харвард-Смитсониан при престижниот Универзитет Харвард на голем број проекти од НАСА. Оваа исклучителна жена e астрофизичар и дел од тимот кој работи на еден од најголемите и најзначајни проекти на НАСА, вселенската опсерваторија „Чандра“ од самите почетоци.

Во време кога повеќето сметале дека местото на жената е во кујната, кога во поранешна СФРЈ, но и во Европа, бројот на астрофизичари можел да се преброи на прстите на една рака, охриѓанката Каровска, со поддршката од семејството, тргнала на патот кон ѕвездите.

Денес живее во САД со нејзиниот сопруг Кларк Нили, кој е физичар, кој бил дел од тимот на мисијата „Аполо“ бил сведок на слетувањето на човекот на Месечината и како ќе рече Каровска, бил и сè уште е нејзина најголема поддршка.

Како посебно значајна за неа, Каровска – Нили ја одбележува работата на  вселенската опсерваторија „Чандра“ од самите почетоци.

Токму 20 години ќе биде на 19 јули како го лансиравме „Чандра“. Оваа вселенска опсерваторија ја набљудува вселената со рентгенски бранови. Со голема резолуција, со острина со каква што до таа 1999 година никој ја немаше набљудувано вселената. Јас почнав да работам на „Чандра“ неколку години пред да се лансира. Прво работев на развивање на еден од инструментите, а откако го лансиравме, работам во група која го одржува софтверот – раскажува Каровска – Нили.

Заедно со нејзиниот сопруг Кларк, Маргарита волонтира во едно основоно училиште за им помогне на малите деца да се вљубат во астрофизиката, исто како што некогаш и таа се вљубила. Вели дека со огромно задоволство им го пренесува знаењето на дечињата, бидејќи неа немало кој да ѝ помогне, да ја насочи кон оваа прекрасна наука.

Мене ми се најважни, најинтересни, и ми носат најголемо задоволство малите ученици. Јас предавам астрономија од 2-ро до 5-то одделение. На тие очиња, на таа заинтересираност, им велам „Утре светот ќе биде ваш! Вие утре ќе одите на Месечината, на Марс, ќе одите на Јупитер, ќе знаете за црната материја и енергија, тоа ќе ви биде најосновна работа – вели Каровска – Нили.

Нејзиниот сопруг Кларк Нили, е еден од 400.000 луѓе кои работеле на програмата „Аполо“ од самите почетоци до нејзиното завршување. Учествувал во „Аполо 11“, мисијата со која човекот првпат стапна на Месечината. Неговата експертиза била потребна за делот од мисијата кој се однесувал на спојувањето на лунарните модули во самата орбита.

Револтиран е од незнаењето на сите оние кои повеќе веруваат во теориите на заговор дека Американците никогаш не стапнале на Месечината, отколку во самата наука.

Можам само да кажам дека доколку тоа беше вистина, Нил Армстронг и Џон Јанг први ќе одбиеја да учествуваат во лажна операција. Армстронг веднаш ќе дадеше оставка и јавно ќе ја откриеше причината. Во „Аполо“ мисијата беа вклучени околу 400.000 луѓе и околу 10 отсто од нив, значи некаде 40.000 луѓе ќе требаше добороволно да учествуваат во една теорија на заговор и да молчат за тоа и да лажат синхронизирано. Исто така ќе требаше да ја имаме соработката со руската влада, зошто тие ја фатија трансмисијата од нашиот екипаж кој слета на Месечината – објаснува Кларк Нили.

Неговата сопруга Маргарита се интересира за ѕвездите и сè околу нив, но најмногу за нивниот животен циклус, поточно што се случува со нив кога ќе остарат.

Во нејзиниот фокус на интересирање и истражување се и црните дупки, како точно се формираат, колку можат да бидат големи или мали… Дел од нејзината биографија се проектите поврзани со истражување на суперновите од тип 1, циклусот на создавање и умирање на галаксиите и друго.

Д-р Маргарита Каровска – Нили вели дека патот до нејзиниот успех бил едноставен – многу труд за она што сакаш да го работиш, во комбинација со добро образование и верба.

Најсреќна е кога ќе најде слободно време да го посети родниот град.

Само 6,5 отсто од барањата за изводи во 2022 година граѓаните ги пополниле во електронска форма [инфографик]

Само 6,5 отсто од барањата поднесени од граѓаните за издавање на извод од матична книга на родени, умрени или венчани се во електронска форма, додека останатите се поднесени лично,...
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes
online free course
download coolpad firmware
Download Nulled WordPress Themes
lynda course free download