fbpx

Каков буџет му остави Тевдовски на Заев?

-

Заклучно со мај, годинава реализацијата на капиталните трошоци од буџетот изнесува 3,5 милијарди денари, што е 13,7 отсто од вкупната предвидена сума за 2019 година од 25,9 милијарди денари, покажуваат податоците на Министерството за финансии за извршување на буџетот.

Ниската реализација на капиталните инвестиции од буџетот е само една од причините поради која премиерот Зоран Заев реши да го преземе раководењето со Министерството за финансии од Драган Тевдовски.

Тој најави и ребаланс на буџетот откако ќе биде направена анализа каде се потребни промени што го прави интересно прашањето колкави се буџетските приходи и расходи во првите пет месеци од годинава односно во каква кондиција Тевдовски му го остава буџетот на Заев.

Вкупните буџетски приходи во периодот јануари-мај изнесуваат 80,6 милијарди денари или 38,2 отсто од вкупната сума приходи предвидена за годинава. Од буџетот до мај биле потрошени 85,6 милијарди денари или 37,4 отсто од испланираните буџетски расходи за целата година.

За плати и надоместоци за администрацијата за пет месеци биле потрошени 11,2 милијарди денари или 39,7 отсто од вкупната сума предвидена за 2019 година која е позиционирана на 28,3 милијарди денари.

Останува да се види какви ќе бидат промените кај расходите за капитални инвестиции и за плати и надоместоци за администрацијата, за кои Заев веќе најави дека ќе бидат предмет на ребалансот.

„Најголем дел е заради максимализација на капиталните инвестиции. Имаме милијарда и пол денари предвидени за гасификација и ако не проектираме дополнителни средства, до октомври-декември, ќе останеме без пари за реализација на гасификацијата. А сакаме, бидејќи гасификацијата е важен проект во државата“, изјави Заев.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...