fbpx

Концесијата за Иловица ќе биде одземена, мора да се запазат законските процедури

-

Одлуката за одземање на концесијата за рудникот Иловица е практично донесена, бидејќи се стекнати формално-правно условите за раскинување на договорот со концесионерот „Еуромакс Рисорсис“, брифираат извори од владата.

Ова практично значи дека, по истекот на седумте дена, дадени на денешната владина седница на Министерството за економија за „да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина – бакар и злато“, на „Еуромакс Рисорсис“, на локалитетот Иловица, општина Босилово и општина Ново Село, Министерството ќе го одбие барањето на концесионерот.

Со оглед на тоа дека концесијата за рудникот Иловица е истечена уште пред три години, на што постојано укажуваа и еко-активистите и претставниците на локалното население кое веќе подолго време се спротиставува на отворањето на рудникот, извесно е дека одлуката на Министерството за економија ќе биде во полза на барањата да не се отвори рудникот за бакар Иловица.

Жителите и денеска по деветти ден го блокира влезот во просторот на рудникот Иловица за вработените на концесионерот „Еуромакс Рисорсис“от и на археолозите од струмичкиот Завод за заштита на споменици и Археолошки музеј, бидејќи стравуваа дека археолошките ископувања на просторот на концесијата, финансирани од концесионерот, практично значат подготовка за отворање на рудникот.

Јасни беа пораките на граѓаните на општините Босилово и Ново Село на информативната средба со премиерот Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектеши во февруари: рудникот во Иловица не смее да проработи.

Заев и Бектеши тогаш рекоа дека нема компромис со здравјето на луѓето.

Компанијата „Еуромакс рисорсис“, која е инвеститор на рудникот за бакар и злато Иловица – Штука, во 2014 склучила договор со владата за концесија.

Граѓаните тогаш изнесоа повеќе аргументи, но главниот беше дека делот каде треба да се гради рудникот е земјоделски крај, кој живее од зеленчукот кој се извесува во регионот.

– Се работи за значајни одлуки што ќе влијаат на иднината на овој регион тука, како на целиот Струмички регион, веројатно и на Република Македонија. Заради тоа се обидуваме да изнедриме најпаметни одлуки согласно законите во Република Македонија и одлуки за кои никогаш нема да се каеме. Граѓаните треба да знаат сe и граѓаните се последни во процесот на одлучување – рече тогаш Заев.

Премиерот потсети и дека минералните суровини се потенцијал за развој насекаде во светот, така и во Македонија, но, како што рече „не под какви било услови“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...