среда, 11 март, 2026
Meta.mk

Ознака: концесија | 49 резултати

Малата хидроцентрала „Рибничка“ сѐ уште има концесија, иако е во црвена зона на НП „Маврово“

14 август 2024

Министерството за животна средина нема поведено постапка за раскинување на договорот за концесија на малата хидроцентрала „Рибничка“ од Националниот парк „Маврово“. Иако за други две мали хидроцентрали кои влегуваа во заштитениот дел, „Жировница“ 5 и 6 постапката за раскинување на концесиите е веќе започната, за „Рибничка“, досега ниту е отворена постапка за промена на локацијата, […]

Остануваат малите хидроцентрали во Маврово, Шар Планина и на Кожуф, бадијала препораките на Бернска конвенција

21 јануари 2024

Малата хидроцентрала Рибничка во Националниот парк Маврово нема да се укине. Министерството за животна средина и покрај барањето на Бернската конвенција да не се гради овој енергетски капацитет, преговара со инвеститорот Рибничка да се дислоцира надвор од зоните на строга заштита и активно управување. Нема да се укинат ниту трите мали хидроцентрали во Националниот парк […]

Собир на група инженери незадоволни од одлуката концесијата за Чебрен да се додели на грчка компанија

8 октомври 2023

Со поставување шишиња вода, група инженери денеска го изразија своето незадоволство и спротивставување на владината одлука за доделување на концесија за користење на водата на Црна река за производство на електрична енергија на грчката компанија ППЦ-Архиродон. Инженерите се собраа во неколку градови, меѓу кои и во Скопје кај Камениот мост и во Битола на плоштадот […]

„Лукоил“ има рок од 30 дена да го врати на Бугарија пристаништето „Росенец“

17 август 2023

Откако владата на Бугарија на крајот на минатата седмица донесе одлука да ја укине концесијата на рафинеријата „Лукоил Нефтохим Бургас“ АД за пристаништето „Росенец“, од завчера на оваа компанија ѝ тече 30-дневен рок да го врати ова пристаниште, што го користи без каква било контрола од бугарската држава, јави mediapool.bg. Концесијата за пристанишниот терминал руската […]

Шукова: Не знаеме дали за „Иловица-Штука“ ќе има арбитража, тоа е само претпоставка

28 јули 2023

Не е невообичаено било кој министер да побара некоја одлука Владата повторно да ја разгледува, како што тоа беше случајот со одлуката за спојување на концесиите за рудникот за злато и бакар Иловица-Штукa, рече денеска министерката за животна средина, Каја Шукова. Таа посочи дека во моментов не се знае со сигурност дали за случајот ќе […]

Малите хидроцентрали на Шара што веќе биле почнати ќе се доизградат, а нови ќе нема, велат од МЖСПП

24 јули 2023

Нема нови концесии за мали хидроцентрали во Националниот парк „Шар Планина“, туку се работи за објекти чија градба е веќе започната, а за кои се дава нов рок за да се довршат. Министерството за животна средина денеска испрати објаснување дека го почитува договорт и не издава нови концесии за енергетски објекти во заштитени подрачја, откако […]

Бектеши лично мисли дека рудник не треба да има, но морал да работи според закон, за државата да не добие тужба

19 јули 2023

Министерството за економија барањето на компанијата „Еуромакс ресусрис“ за спојување на двете концесии за рудникот Иловица-Штука го доставило до Владата за да одлучува заради тоа што така наложувал законот, кажа на брифинг со новинарите министерот Крешник Бектеши и посочи дека ако е важно неговото лично мислење, тој смета дека во струмичко не треба да има […]

Контраспин: Владите на Груевски дале дозвола за рудникот Иловица во 2012 и 2015 година

18 јули 2023

Поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски се огласи на Фејсбук дека неговата влада никогаш не донела одлука за експлоатација на злато и бакар во Иловица, но со детална проверка на одлуките на Влада што се депонирани и издадени во Службен весник на РM од 2012 до 2022 година се утврдува дека Груевски спинува, […]

„Здрава котлина“ организира протест на 15 јули против рудникот „Иловица –Штука“

7 јули 2023

Жителите на трите општини од југоистокот – Струмица, Босилово и Ново Село на 15 јули ќе организираат протест откако Управниот суд ја уважи тужбата на компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ против одлуката на Владата да се раскине договорот за една од концесиите, а потоа Владата донесе одлука со која се спојуваат концесиите за рудникот „Иловица-Штука“. Граѓанската организација […]

Раскинати договорите за изградба на седум мали хидроцентрали на Шара

4 октомври 2022

Договорите за концесија за седум мали хидроцентрали на Шар Планина се раскинати, а на концесионерите ќе мора да им се вратат концесискиот надомест и трошоците кои ги направиле досега. Одлуката за спогодбено раскинување на договорите Владата ја усвои денеска, а таа се однесува на шест мали хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и […]

Само еден концесионер на мала хидроцентрала во Националниот парк „Шар Планина“ се откажал, останатите бараат обесштетување

25 мај 2022

Концесионерите на четири од седумте мали хидроцентрали кои се зацртани во Националниот парк „Шар Планина“ побарале надомест за вложените средства за да се откажат од изградбата. Само еден концесионер на две мали хидроцентрали во досегашните преговори целосно се повлекол и не бара компензација. Во рамките на новиот национален парк, веќе се изградени и пуштени во […]

Порталб.мк: На дебатата за Попова Шапка, не присуствуваа двајца клучни министри

29 јануари 2022

Граѓани, активисти и љубители на Попова Шапка вчера се собраа и разговараа за проблемите на центарот, на јавната расправа организирана од Општина Тетово. Но, на дебатата не се појавија двајцата министри чии улоги се многу важни за враќањето на сјајот на туристичката атракција „Попова Шапка“, пишува Порталб.мк. Работа, а не зборови, урбанистички план, долгорочен план, […]

Наместо 44, граѓаните плаќале 81 евро за секој мегават електрична енергија произведен од мала хидроелектрана

21 декември 2021

Малите хидроелектрани минатата година произвеле само 195,7 гигават часови електрична енергија и учествувале само со четири отсто во вкупното домашно производство. Сепак, тоа не значи дека работеле непрофитабилно, бидејќи на концесионерите од 2012 година па досега им се платени 41 милион евра повеќе во однос на пазарната вредност на произведената енергија, поради користење на законски […]

Фирма копала песок од Пчиња со дозвола добиена спротивно на закон и според стар правилник

8 февруари 2021

Фирмата „Еуро Прогрес“ добила дозвола за копање песок од реката Пчиња, спротивно на законот за води и според правилник кој не постои. Државниот инспекторат за животна средина во контрола на терен утврдил дека фирмата копа песок и чакал во селото Долно Коњаре во општина Петровец, во дел од реката кој не смее да биде експлоатиран, […]

Вишиот Управен суд ја потврди одлуката на Управниот суд за рудникот Иловица-Штука, екологистите најавуваат масовни протести

5 декември 2020

Вишиот Управен суд ги отфрлил жалбите на Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен и канадската компанија „Еуромакс ресурсис“, во случајот рудник Иловица-Штука, како недозволени. Со тоа ја потврдил одлуката на Управниот суд и предметот повторно се враќа во Второстепената комисија. Образложението за одлуката на Вишиот суд е дека Законот за управни […]

Додека се чека одлуката на Вишиот управен суд, не запираат протестите против рудникот во Иловица и Штука

11 август 2020

Протестите против отворањето на рудник за бакар и злато во близина на струмичките села Иловица и Штука нема да запрат сѐ додека Вишиот управен суд не донесе конечна одлука, најавуваат од здружението „Здрава котлина“. Откако и државата и канадската компанија „Еуромакс“ минатиот месец ја обжалија одлуката на Управниот суд, со која ја поништи одлуката на […]

Владата го раскина договорот со „Летница – Белвица“ за концесија за Охридското езеро

22 јануари 2020

Македонската влада донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското езеро со концесионерот „Летница – Белвица“. Причината за оваа одлука е поради утврдените нерегуларности од страна на надлежните институции во работата на сегашниот концесионер, информираат од владината прес – служба. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денес во Охрид изјави дека […]

„ЕЛЕМ“ и Владата се мајтапат со јавноста: Каде се анализите за Попова Шапка?

26 декември 2019

Во период од четири месеци, колку што ЕЛЕМ ја поседува анализата „Due Diligence”  за физибилити студијата за Попова Шапка, трипати изјавија за „Порталб.мк“ дека истите се „доставени во Влада“. Од друга страна, Владата повеќе пати демантираше дека такви студии им биле доставени. Денес пак, од „ЕЛЕМ“ истакнаа дека немаат информација дали овие анализи се доставени […]

И по законскиот рок Владата без решение за Иловица

26 септември 2019

Вчера измина законскиот рок во која Владата требаше да се изјасни по жалбата на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ по укинувањето на концесијата за рудникот Иловица. Компанијата, како концесионер на струмичкиот рудник за бакар и злато, на 25 јули упатил жалба на решението за одбивање на дозволата за Иловица  кое Владата го донесе на 4 јули  годинава […]

Наскоро нов концесионер на Охридско Езеро, екологистите се надеваат на спас на пастрмката

29 јуни 2019

Струшка фирма во следните шест години ќе биде концесионер за стопански и рекреативен риболов на риболовното подрачје Охридско Езеро. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека фирмата „Летница – Белвица Милорад“ од Струга на електронската аукција понудила највисок надомест за концесија за стопански риболов и највисок концесиски надомест од 100 отсто од вредноста […]

Страна 1 од 3