fbpx

Собир на група инженери незадоволни од одлуката концесијата за Чебрен да се додели на грчка компанија

На собирот побараа да се преиспита и повлече владината одлука за доделување на концесија за користење на водата на Црна река за производство на електрична енергија на грчката компанија ППЦ-Архиродон

-

Со поставување шишиња вода, група инженери денеска го изразија своето незадоволство и спротивставување на владината одлука за доделување на концесија за користење на водата на Црна река за производство на електрична енергија на грчката компанија ППЦ-Архиродон.

Инженерите се собраа во неколку градови, меѓу кои и во Скопје кај Камениот мост и во Битола на плоштадот Магнолија.

На собирите побараа да се преиспита и да се повлече, како што рекоа, донесената штетна одлука. Додадоа дека се подготвени во отворена дебата да ги конфронтираат своите со ставовите на оние кои ја подготвиле и донеле одлуката за концесијата.

„Недозволиво да се преговара и договара со било која странска или домашна компанија за доделување на концесија за користење на водата на Црна река за производство на електрична енергија. Токму хидроцентралата „Чебрен“, која мора да биде македонска и Македонија да биде нејзин инвеститор, е најголемиот и најважниот енергетски проект со стратегиска важност за одржување енергетската независност на Македонија. Инсталираниот минимален капацитет од 333 MW треба да овозможи Македонија да остане во голема мера енергетски независна после 2028 година, кога поради „Зелената транзиција“ треба да престанат со работа РЕК Осломеј и РЕК Битола“, се вели во соопштението на групата инженери.

Собир на инженерите во Скопје / фото: Мета.мк

Кога Министерството за животна средина информираше за доделената концесија минатиот месец и за изборот на „најповолната понуда“ на грчката компанија, соопштија дека хидроцентралата Чебрен е предвидено да произведува електрична енергија, како и режим на пумпање и враќање на водата назад со што на Црна Река е предвидено создавање ново вештачко езеро, кое ќе биде најголемо во нашата држава.

„Овој енергетски проект е од исклучително значење за енергетската транзиција на земјата и регионот, поради можноста за балансирање на обновливите извори на енергија. Воедно, изградбата на оваа хидроцентрала ќе придонесе и за заштита од поплави, но и за водоснабдување“, соопштија од Министерството за животна средина на 14 септември.

Владата одлучи: Грци ќе ја градат хидроелектраната „Чебрен“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...