Владата одлучи: Грци ќе ја градат хидроелектраната „Чебрен“

Владата изградбата на хидроелектраната ја довери на понудувачот PUBLIC POWER CORPORATION S.A. - Greece & ARCHIRODON GROUP N.V. – Greece

-

Владата на денешната седница донесе одлука конзорциумот од грчки компании да ги избере за изградба на хидроелектраната „Чебрен“, информираат од владината прес-служба. Владата ја разгледала и усвоила Информацијата од Министерството за животна средина и просторно планирање за Извештајот од евалуацијата на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија и изградба на хидроелектрични централи на Црна Река.

Согласно Извештајот на Комисијата, владата донела одлука за избор на најповолна понуда за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија со изградба на хидроелектрични централи на Црна Река, која се доделува на понудувачот PUBLIC POWER CORPORATION S.A. – Greece & ARCHIRODON GROUP N.V. – Greece, односно ППЦ-Архиродон.

Понудувачот ППЦ-Архиродон е избран поради најповолната понуда, со оглед на тоа што понудувачот ги исполнил условите содржани во јавниот повик и тендерската документација и доставил најповолна понуда.

Избраниот понудувач има обврска во рок од 3 месеци да го склучи Договорот за заедничко вложување и да основаат акционерско друштво со АД ЕСМ, во коешто АД ЕСМ учествува со 33% од акционерскиот капитал. Регистрираното друштво е должно во согласност со одредбите на Законот за водите, а пред потпишување на договорот за концесија, да обезбеди дозвола за користење на водата.

„Проценетата вредност на инвестицијата е околу 1 милијарда евра со која е предвидена изградба на реверзибилна хидроцентрала Чебрен, со инсталиран капацитет од најмалку 333 MW. ХЦ Чебрен е предвидено да има функција на производство на електрична енергија, како и режим на пумпање и враќање на водата назад со што на Црна Река предвидено е создавање ново вештачко езеро, кое ќе биде најголемо во нашата држава“, информираат од владината прес-служба.

По завршување на проектирањето и обезбедувањето на потребните документи, се очекува да се почне со градба која е предвидена да трае седум години.

Чебрен е од исклучително значење за енергетската транзиција на Северна Македонија и регионот, поради можноста за балансирање на обновливите извори на енергија. Воедно ќе има огромно значење и за заштита од поплави, водоснабдување, земјоделие и слично со висина на браната од 192 метри, со што ќе биде една од највисоките во светот, велат од владата.

Инаку, изградбата на хидроелектраната „Чебрен“ се ветува неколку децении наназад, а досега имало 13 неуспешни тендери за избор на инвеститор во период од последните 20 години. Постојниот јавен повик е четиринаесетти обид за доделување концесија на Црна Река.

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и организации кои...

Трамп посредува за спас на крипто-законите во САД по застојот во Конгресот

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот интервенираше за да постигне договор меѓу републиканските конгресмени по застојот во Претставничкиот дом што го доведе во прашање усвојувањето на долгоочекуваната крипто-законска рамка, регулатива што...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени...