fbpx

Протест за пожарот во тетовската модуларна болница ќе се одржи утре во Скопје

Протестниот марш ќе започне во 14 часот од плоштадот „Скендербеу“ и ќе заврши пред зградата на Основното јавно обвинителство

-

Утре ќе има протестен марш во Скопје, на кој семејствата на 14-те жртви кои изгореа во пожарот во тетовската модуларна болница ќе побараат правда за изгубените животи, пишува Portalb.mk.

Протестниот марш ќе започне во 14 часот од плоштадот „Скендербег“ и ќе заврши пред зградата на Основното јавно обвинителство, кое според членовите на семејството „замижало пред правдата и ги штити одговорните за трагедијата каде 14 лица беа изгорени живи“.

„Апелираме до граѓаните на Скопје и другите градови да нè поддржат во потрагата по правдата, а апелираме до политичките партии да се држат настрана од злоупотреба на нашиот протест за политички придобивки“, рече Мумин Исмаили, кој ја загуби својата мајка во пожарот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Паралелна конференција на ОБСЕ: Русија е брутална кон Украина, улогата на граѓанското општество е исклучително важна

Демократијата опаѓа во земјите каде што нема простор за активизам на граѓанското општество. Сведоци сме на алармантниот број на вооружени конфликти, во последната година сведочиме како Русија е брутална кон...