fbpx

Браната „Св. Петка“ е поголема инвестиција од браната „Конско“

Браната со инвестиција од 40 милиони евра не е најголем инвестициски проект во последните пет децении. Тоа беше браната „Св. Петка“ која на крајот во 2012 г. чинеше околу 75 милиони евра, пишува „Вистиномер“ во својата анализа

-

Одлична е веста за завршувањето со работа и пуштање во употреба на браната „Конско“ во гевгелиско, со што се обезбедува вода за наводнување на илјадници хектари земјоделски површини во реонот на гевгелиско поле. Сепак, еден детаљ не соодветствува на вистината. Браната со инвестиција од 40 милиони евра не е најголем инвестициски проект во последните пет децении. Тоа беше браната „Св. Петка“ која на крајот во 2012 г. чинеше околу 75 милиони евра, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Експремиерот Димитар Ковачевски одржа говор по повод пуштањето на браната „Конско“ во гевгелиско, при што даде изјава која не е вистина:

 Ова потврдува уште една работа, а тоа е дека ако некој можеше во минатото, зборувам пред 2 декади да упати и критика до нас дека не сме ги завршувале работите, ова е најдобрата потврда дека ја довршивме најголемата инвестиција во последните 5 декади во државата…

…Вредноста на инвестицијата за браната Конско е 40 милиони евра, сума која што е целосно обезбедена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со оваа брана се овозможува наводнување на нови 4.000 хектари нето земјоделски површини…

[Извор: СДСМ – Д. Ковачевски; датум – 10.03.2024]

 

Образложение:

Екс =премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски одржа говор при пуштањето на браната „Конско“, при што изрече невистинит податок дека станувало збор за најголема инвестиција во последните пет децении.

Одлична е веста за завршувањето со работа и пуштање во употреба на браната „Конско“ во гевгелиско, со што се обезбедува вода за наводнување на илјадници хектари земјоделски површини во реонот на гевгелиско поле, плус електрична енергија. Сепак, браната со инвестиција од 40 милиони евра не е најголем инвестициски проект во децениите наназад, туку тоа беше браната „Св. Петка“, која на крајот од изградбата во 2012 година чинеше околу 75 милиони евра.

Ова може да се види од интернет архивите кои можат да се најдат и кои сè уште функционираат во онлајн просторот,  за браната „Св. Петка пуштена во употреба пред нецели 12 години.

Две фотографии од „Св. Петка“ – Извор, ЕСМ

Првиот податок може да се најде на Википедија, каде што има кратки податоци за браната, но се наведува и сумата за изградба, која од планираните 65 милиони евра, достигнале 75 милиони поради спорот на тогашното Електростопанство на Македонија со словенечкиот изведувач „Рико“.

Сумата од 75 милиони може да се види и во дел од објавите забележани на агрегаторот Дејли,мк од 1.08.2012 година, поточно кај објавата од Нова Македонија, иако и таа линковска врска е нефункционална, но во првиот пасус што се чита, е наведена сумата.

Фото: Принтскрин

Линк што функционира е текстот објавен на порталот А1Он од 2012 година, кога ден пред отворањето е објавена вест со најава за утрешниот настан, т.е. дека ќе биде пуштена во употреба хидроцентралата и браната „Св. Петка“. И тука е наведена сумата на чинење од 70-тина милиони евра.

Конечно, дека инвестицијата чинела 75 милиони евра може да се прочита и на веб-страницата на Електростопанство на Македонија.

Според погоре наведените аргументи може да се оцени дека е невистинита изјавата на Ковачевски дека инвестицијата во браната „Конско“ била најголема во последните 5 децении. Впрочем, веројатно поскапа инвестиција и од „Св. Петка“, е браната и централата „Козјак“, започната во 1994, а пуштена во употреба десет години подоцна во 2004 година, која е највиска брана во земјата.

 

Извори:

 

Оценил: Теофил Блажевски

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...