fbpx

Наскоро нов концесионер на Охридско Езеро, екологистите се надеваат на спас на пастрмката

-

Струшка фирма во следните шест години ќе биде концесионер за стопански и рекреативен риболов на риболовното подрачје Охридско Езеро. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека фирмата „Летница – Белвица Милорад“ од Струга на електронската аукција понудила највисок надомест за концесија за стопански риболов и највисок концесиски надомест од 100 отсто од вредноста на издадените дозволи за рекреативен риболов. Екологистите се надеваат дека со новиот концесионер ќе почне сузбивање на криволовот и нелегалната продажба на охридска пастрмка.

На последната седница на Влада поминаа одлуките за новиот концесионер на Охридското Езеро за стопански и рекреативен риболов. „Летница – Белвица Милорад“ од Струга за стопански риболов на електронската аукција понудила највисок надомест за концесија во вкупен износ од 9,92 милиони денари (161.340 евра) денари за период од шест години, а за рекреативен риболов понудиле на државата да и платата концески надомест од 100 отсто од вредноста на издадените дозволи за рекреативен риболов за период од шест години.

Сега законски следува период на жалби по што Охридското Езеро конечно после една година ќе добие концесионер.

Владата пред повеќе од една година ја одзеде дозволата на предходниот концесионер поради неисполнување одредени законски обврски, а ресорниот министер Љупчо Николовски уверуваше дека рибниот фонд, додека езерото е без концесионер, од рибокрадци успешно го штити државниот инспекторат за земјоделство. Екологистите и здруженијата на риболовци , пак, сметаат дека одлагањето на изборот на концесионер во голема мерка го зголемило рибокрадството и го намалило рибниот фонд, посебно на ендемичната Охридска пастрмка.

– Некаде во март, крај на февруари почеток на март, рибокрадци почнаа да нудат низ градот, по куќи да одат… Во два наврати дојдоа кај мене на врата еднаш на телефон ми звонеа да ми понудат пастрмка за 700 денари. Што значи тоа? Ако знаеме дека пастрмката и на црно е над 1.000 денари, тогаш фрижидерите кај рибокрадците во Трпејца и Пештани се полни, нема што да прават со рибата и трчаат по градов, бараат каде да ја продадат – изјави Димче Мајкоски од Здружение на рекреативни риболовци „Св. Апостол Петар“

Фирмата „Летница – Белвица Милорад“ го доби езерото на користење според изменета риболовна основа. Измените беа направени на почетокот на 2018-та имаат за цел поголема заштита на рибниот фонд. Има измени во утврдување на периодот на мрест, времето во кое е дозволен риболовот, намалени се количините на дозволен улов на видот охридска белвица и детално се уредени специфичните локации на мрест на рибите, особено за Охридската пастрмка, белвицата и крапот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...