fbpx

Вишиот Управен суд ја потврди одлуката на Управниот суд за рудникот Иловица-Штука, екологистите најавуваат масовни протести

-

Вишиот Управен суд ги отфрлил жалбите на Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен и канадската компанија „Еуромакс ресурсис“, во случајот рудник Иловица-Штука, како недозволени. Со тоа ја потврдил одлуката на Управниот суд и предметот повторно се враќа во Второстепената комисија.

Образложението за одлуката на Вишиот суд е дека Законот за управни спорови не дозволува жалба во која управен акт е поништен или прогласен за ништовен, а предметот се враќа повторно на одлучување во јавниот орган. Во конкретниот случај, Управниот суд со своето решение ја уважил жалбата на „Еуромакс ресусрсис“ и го поништил решението на Второстепената комисија, со која се потврди одземањето на дозволата за експлоатација на компанијата за отворање на рудник.

Одлуката, како што веќе пишуваше МЕТА, е донесена на 20 ноември и испратена назад во Управниот суд, од каде треба да биде официјално испратена и до странките во случајот.

На одлуката на Вишиот суд веднаш реагираа и активистите од здружението „Здрава котлина“ кои се револтирани од решението случајот да не добие завршница, туку повторно да се вплеткува во правните лавиринти. Тие најавуваат нови протести, кои, како што велат ќе траат цела наредна година.

„Вишиот управен суд донесе конечно решение со кое се одбиваат сите жалби и останува на сила пресудата на Управниот суд. Со таа пресуда се поништува одземањето на дозволата за експлоатација на ‘Еуромакс ресурси’ и се наложува прво да се реши спојувањето на двете концесии, па дури потоа да се одлучува за одземање на дозволата за експлоатација, велат во „Здрава котлина“.

Фото: Здрава котлина

Посочуваат дека со одземањето на дозволата за експлоатација се доведува во прашање и одлуката за одземање на концесијата, што сметаат дека канадската компанија „Еуромакс ресурси“ повторно ја враќа во игра за отворање на рудник на смртта во овој земјоделски крај. Активистите бараат реакција и од Владата и Министерството за економија и најавуваат дека граѓанското незадоволство ќе го искажат на улица, со масовни протести.

„Овој развој на настани, заедно со сигналите што ги добиваме од свиркачи укажуваат дека почнуваат да бидат видливи ефектите од моќни лобисти кои се вклучени во помолна игра на штета на интересите на граѓаните и локалната заедница. Не можеме да бидеме сигурни и заштитени освен ако самите не се избориме за тоа на терен. Затоа почнуваме со планирање и подготовки за масовни активности во текот на цела 2021 година. Уморни сме од политички ветувања, позадински трзалици и камелеонски тактики. Време е да му се стави крај на ова еднаш засекогаш. Ако е неопходно нека биде и радикално сценарио со ужасен пример и опомена за сите во иднината. Очигледно 2021 ќе биде експлозивна година кога народниот гнев ќе се истури врз сите што упорно си го бараат, посочуваат од „Здрава котлина“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...