fbpx

„ЕЛЕМ“ и Владата се мајтапат со јавноста: Каде се анализите за Попова Шапка?

-

Во период од четири месеци, колку што ЕЛЕМ ја поседува анализата „Due Diligence”  за физибилити студијата за Попова Шапка, трипати изјавија за „Порталб.мк“
дека истите се „доставени во Влада“. Од друга страна, Владата повеќе пати демантираше дека такви студии им биле доставени. Денес пак, од „ЕЛЕМ“ истакнаа дека немаат информација дали овие анализи се доставени или не.

Од септември годинава, „ЕЛЕМ“ тврди дека ги поседува „Due Diligence“ анализите и физибилити студијата за Попова Шапка, изработени од компанијата „PwC. Според оваа компанија, откако одборот ќе ги анализира, тие ќе треба да ги предадат на Владата.

Сепак, примо – предавањето на овие анализи никако да се реализира, иако од „ЕЛЕМ“ во повеќе наврати изјавија за Порталб.мк дека овие анализи ќе бидат доставени иако роковите се изминати, или пак дека истите веќе биле доставени.

На 2 октомври, од „Елем Турс“ изјавија дека „Due Diligence” анализите заедно со физибилити студијата, ќе биде предадени на Влада најдоцна до 20 октомври, рок што е пречекорен, затоа што од Влада негираат дека ги примиле истите.

Во меѓувреме, пред 10 дена, од „ЕЛЕМ“ соопштија дека нивниот управен одбор одржал состанок на кој се донеле одлуки за нивните предлози и дека следниот ден овие анализи ќе бидат официјално доставени до Влада. Но ова не се случи затоа што Владата веднаш, следниот ден, потврди дека сè уште не ја добиле „Due Diligence” анализата и физибилити-студијата за Попова Шапка.

Откако четири месеци се ред се соочуваме со ист одговор, портпаролката на ЕЛЕМ за „Порталб.мк“ рече дека „нема информации дали овие анализи се доставени до Владата“ и дека „ќе и треба време за да го потврди ова.„

„Due Diligence” анализата опфаќа детална анализа на финансиската, правната и даночната состојба на подружницата „Попова Шапка“ – Тетово и хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“ за претходните три години (2016 – 2018). Врз основа на физибилити студијата, ќе се донесе одлука дали Попова Шапка ќе се даде под концесија или јавно – приватно партнерство.

Оваа компанија е државна, троши пари на даночните обврзници, народни пари, така што Владата треба да побара одговор од ЕЛЕМ за тоа каде се анализите, а не само да изјавува „не сме ги добиле“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...