Заев ги смирува граѓаните: За Иловица ќе донесеме одлука за која нема да се каеме

-

Јасни беа пораките на граѓаните на општините Босилово и Ново Село на информативната средба со премиерот Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектеши: рудникот во Иловица не смее да проработи. Заев и Бектеши повторија дека нема компромис со здравјето на луѓето, за што во изминатите девет месеци се направиле суштински законски промени.

– Направивме измени на законот да не се користи цијанид и други опасни материи, а ќе ги зголемиме концесиите на рудниците за 75% за доброто на општините и граѓаните – рече министерот Бектеши.

Компанијата „Еуромакс рисорсис“, која е инвеститор на рудникот за злато и олово Иловица – Штука, во 2014 склучила договор со владата за концесија. Но, дали ќе склучи договор за експлоатација на минерални суровини, ќе зависи од одлуката на граѓаните, рече премиерот Заев. За таа цел е организирана средбата, која следи по неколкуте со инвесторот и еколошките друштва.

Заев рече дека е свесен за противењето на изградбата на рудникот и поради тоа до сега не е донесена одлуката за склучување договор за експлоатација.

– Сега се сменија околностите, донесовме измени на закон со кои не се дозволува користење на цијанид и сулфурна киселина, се сменија законите, треба граѓаните да ја донесат одлуката, ако така одлучат, нема дозвола за експлоатација – рече Заев, но потсети на фактот дека има рудници во Пробиштип, Крива Паланка кои работат, создаваат профит и отвораат работни места.

08022019_zaev_bekteshi_ilovica_shtuka_4

Граѓаните изнесоа повеќе аргументи, но главниот е дека делот каде треба да се гради рудникот е земјоделски крај, кој живее од зеленчукот кој се извесува во регионот.

Се редеа прашања. Дали ќе дозволите Струмичко поле да се замени со рудник? Кој и како ќе ја гарнатира безбедноста на граѓаните? Што со подземните води? Ако сега имаме најзагаден воздух во Македонија, како ли ќе биде тогаш кога ќе работи рудникот? Како граѓаните ќе донесат одлука? Дали ќе ги послушате?

Во полната спортска сала немаше простор за луѓе со позитивен став за рудникот. Невработен геолог почна да зборува дека „треба да се даде шанса да се отвори рудникот“, но од силните свирежи не можеше да продолжи. Повратници од странство се заканија дека повторно ќе си иселат, а активистите од „Здрава котлина“ се навратија на неодамнешниот инцидент со уривањето на браната во Бразил.

– Ако се изгради планираната брана од 270 метри во Иловица и ако дојде до уривање, 90% од граѓаните нема да преживеат – рекоа активистите.

Информативната средба, како што нагласи Заев, не е организирна со цел да се донесат заклучоци, ниту одлука за тоа дали треба или не да се даде дозвола на рудникот, туку тоа е средба со цел подобро да се разберат граѓаните и владата.

– Се работи за значајни одлуки што ќе влијаат на иднината на овој регион тука, како на целиот Струмички регион, веројатно и на Република Македонија. Заради тоа се обидуваме да изнедриме најпаметни одлуки согласно законите во Република Македонија и одлуки за кои никогаш нема да се каеме. Граѓаните треба да знаат сe и граѓаните се последни во процесот на одлучување – рече Заев.

Премиерот потсети и дека минералните суровини се потенцијал за развој насекаде во светот, така и во Македонија, но, како што рече „не под какви било услови“.

Ова беше прва вакава масовна информативна средба. Од владата нагласија дека ќе го почитуваат ставот на граѓаните пред донесувањето на конечната одлука за судбината на рудникот.

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за здравство. Операцијата...

Што е Европскиот мировен фонд преку кој РСМ доби десетици милиони евра помош за Армијата?

Советот на ЕУ на 25 април усвои мерка за помош во вредност од 15 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд (EPF). Целта е да се зајакнат одбранбените капацитети и...

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово разговараа за војната во Украина, во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, неколку минути пред почетокот на погребната миса за папата Франциск,...

Почина повредениот во вчерашната вооружена престрелка на Бит Пазар

Лицето кое вчера беше повредено во вооружена престрелка меѓу две лица во Дуќанџик на Бит Пазар, им подлегнало на повредите, потврдија во Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за А.С.,...

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за...