понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Здрава Котлина | 28 резултати

Општина Ново Село го искажа својот став: eдногласно против рудниците Иловица – Штука

јули 23, 2023

Советот на Општина Ново Село на последната 33 седница едногласно донесе одлука против отворање на рудникот во Иловица и Штука. Советниците од Ново Село ова прашање го поставиле како прва точка на дневниот ред, само еден ден откако нивните колеги од Босилово ја прекинаа седницата и не отворија расправа за рудниците. „Постојат и друг вид […]

Советот на Босилово повторно не одлучуваше за рудникот „Иловица-Штука“, седницата прекината без образложение

јули 20, 2023

Седница на Советот на Општината Босилово била одложена без образложение за советниците, а две точки поврзани со отворање рудници во овој крај повторно не се најдоа на дневен ред. Екологистите велат дека претседателот на Советот, Мито Андонов самиот одлучил воопшто да не ја започне седницата, а на советниците им ја заклучил и вратата од зградата. […]

Министерката Шукова ќе присуствува на протестот против рудникот Иловица-Штука

јули 14, 2023

Министерката за животна средина Каја Шукова ќе оди на утрешниот протест во Струмица, организиран од граѓанското здружение „Здрава Котлина“, против отворање на рудникот Иловица-Штука. Министерката денеска изјави дека лично е против отворање на рудник во земјоделски крај и дека производството на храна секогаш треба да биде приоритет во однос на високо загадувачки индустрии. „Утре ќе […]

„Здрава котлина“ организира протест на 15 јули против рудникот „Иловица –Штука“

јули 7, 2023

Жителите на трите општини од југоистокот – Струмица, Босилово и Ново Село на 15 јули ќе организираат протест откако Управниот суд ја уважи тужбата на компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ против одлуката на Владата да се раскине договорот за една од концесиите, а потоа Владата донесе одлука со која се спојуваат концесиите за рудникот „Иловица-Штука“. Граѓанската организација […]

Владата ги спои концесиите за рудникот „Иловица-Штука“, жителите најавуваат протести и тужби

јули 5, 2023

Владата донесе одлука со која се спојуваат концесиите за рудникот „Иловица-Штука“ и на тој начин повторно отвори пат за реализација на намерите за ископување на злато и бакар во Струмичката котлина. Претходно, Управниот суд во февруари годинава ја уважи тужбата на компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ против одлуката на Владата да се раскине договорот за една од […]

За рудникот „Иловица-Штука“ ќе има трето судење, екологистите велат природата ќе ја бранат со живот

декември 18, 2022

Вишиот Управен суд ја поништи пресудата на Управниот суд за конечно одземање на концесијата на „Еуромакс ресурсис“ за експлоатација на рудникот „Иловица-Штука“ и по жалбата на компанијата, предметот го врати на повторно судење. Одлуката, Вишиот управен суд ја донел во октомври, а беше објавена деновиве. Со ваквото решение продолжува пинг-понг партијата помеѓу Управниот и Вишиот […]

Екологистите бараат Вишиот управен суд да донесе одлука и да го затвори случајот со рудникот Иловица-Штука

мај 26, 2022

Вишиот управен суд што побрзо да донесе одлука и конечно да го затвори случајот со рудникот Илoвица – Штука бараат еколошките активисти од југоистокот на земјава. Откако во март годинава беше објавена одлуката на Управниот суд со која се отфрли жалбата на компанијата „Еуромакс ресурсес“ и се потврди одземањето на концесијата, екологистите од Ново Село, […]

„Здрава котлина“ на протест пред Виш управен суд: Бараат конечна одлука за рудникот „Иловица-Штука“

декември 25, 2021

Граѓански активисти од организацијата „Здрава котлина“, поддржани од граѓани на Скопје и други градови, денеска одржаа протест пред Вишиот управен суд, барајќи конечно решение за случајот рудник „Иловица-Штука“. Екологистите побараа да престане префрлувањето на предметот од Управниот до Вишиот управен суд и да се донесе дефинитивна одлука со која ќе се затвори случајот. Тие сметаат […]

Управниот суд ја потврди одлуката на Владата да се одземе концесијата за рудникот „Иловица-Штука“

декември 8, 2021

Управниот суд ја отфрли тужбата на компанијата „Еуромакс ресурцес“ и ја потврди одлуката на Владата да им се одземе концесијата Иловица 6 за рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“. Судот одлучувал во октомври, откако претходно Вишиот управен суд ја врати постапката назад. Управниот суд тужбата на канадската компанија ја отфрлил како неоснована, по што „Еуромакс“ […]

„Здрава котлина“ ја одби поканата на „Еуромакс Ресурсес“: рудник нема да има, нема што да мониторираме

септември 21, 2021

Екологистите од „Здрава котлина“ ја одбија поканата на компанијата „Еуромакс Ресурсес“ што сака да го копа рудникот Иловица-Штука, за работна средба и формирање на независно мониторинг тело. Тие за возврат ја повикаа компанијата на дијалог и тоа пред камери, во кој ќе ги спротивстават ставовите и фактите, дали треба или не, да има рудник во […]

Ана Петровска разрешена од Државниот инспекторат за животна средина, бурни реакции од граѓанските организации

август 4, 2021

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска денеска е разрешена од функцијата. На денешната седница на Владата на нејзиното место е именуван Сретен Стојковски, кој доаѓа од Министерството за животна средина. Петровска, како кадар на партијата ДОМ, на позицијата во Инспекторатот дојде во октомври лани, од Министерството за животна средина, каде што од […]

Потврдено одземањето на дозволата за рудникот Иловица-Штука, „Еуромакс“ ќе се жали

јануари 27, 2021

Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен уште еднаш ја потврди одлуката за одземање на дозволата за експлоатација на канадската компанија „Еуромакс“ за концесијата Иловица 6 на рудникот Иловица-Штука. Одлуката следува откако Вишиот Управен суд во ноември ги отфрли жалбите на Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен и […]

Вишиот Управен суд ја потврди одлуката на Управниот суд за рудникот Иловица-Штука, екологистите најавуваат масовни протести

декември 5, 2020

Вишиот Управен суд ги отфрлил жалбите на Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен и канадската компанија „Еуромакс ресурсис“, во случајот рудник Иловица-Штука, како недозволени. Со тоа ја потврдил одлуката на Управниот суд и предметот повторно се враќа во Второстепената комисија. Образложението за одлуката на Вишиот суд е дека Законот за управни […]

Вишиот Управен суд донесе одлука за рудникот Иловица-Штука, но не се знае што пресудил

декември 5, 2020

Вишиот Управен суд донесе одлука во предметот за рудникот Иловица-Штука, но нејзината содржина останува непозната за јавноста. Одлуката, како што потврдија од оваа институција за Мета, е донесена на 20 ноември. Сепак, таа сè уште не е објавена на веб страната на судот, каде што се објавуваат сите одлуки на оваа институција. Од Судот не […]

Судскиот спор за рудникот за бакар и злато Иловица-Штука сè уште не стасал до Вишиот управен суд

септември 8, 2020

Судскиот спор за рудникот за бакар и злато Иловица-Штука сè уште не стасал до Вишиот управен суд. Жалбите на канадската компанија „Еуромакс ресурсис“ и Второстепената државна комисија за управни спорови за одлуката на Управниот суд, со која тој ја поништи одлуката за раскинување на договорот за концесија со „Еуромакс“, беа поднесени во јули, но предметот […]

Додека се чека одлуката на Вишиот управен суд, не запираат протестите против рудникот во Иловица и Штука

август 11, 2020

Протестите против отворањето на рудник за бакар и злато во близина на струмичките села Иловица и Штука нема да запрат сѐ додека Вишиот управен суд не донесе конечна одлука, најавуваат од здружението „Здрава котлина“. Откако и државата и канадската компанија „Еуромакс“ минатиот месец ја обжалија одлуката на Управниот суд, со која ја поништи одлуката на […]

„Ова е лудост“, порачуваат борците против рудниците на југоистокот по предизборните ветувања за нови концесии

јуни 30, 2020

Загриженоста кај активистите против рудниците на југоистокот на државата се зголеми откако предизборната кампања ги исфрли на површина ставовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ за развој на рударски капацитети во земјата, содржани во нивната предизборна програма. Во програмата се наведува како приоритетно отворањето на пет рудници: Лојане-Липково, Кадиица-Пехчево, Плавица, Тајмиште и Стогово. Во Изборната програма на партијата […]

„Здрава Котлина“ утре ќе организира протест против одлуката на Управниот суд за Иловица

јуни 19, 2020

Граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на рудникот Иловица во струмичкиот регион најавуваат протести, откако Управниот суд преку одлука за време на вонредна состојба ја врати можноста „Еуромакс Ресорсис“ сепак да го гради рудникот во близина на струмичките села Иловица и Штука. Во сабота, 20 јуни, со почеток во 11 часот ќе го организираат […]

В сабота мирен протест „за потсетување и охрабрување“ на владата за Иловица

ноември 19, 2019

Активистите на „Здрава котлина“ од Струмица денес ги повикаа жителите на струмичкиот крај, како и скопјани да им се придружат на протест пред Владата в сабота, 23 ноември, во 12 часот поради тоа што „сè уште се одложува конечното решение на проблемот со рудникот за бакар и злато Иловица“. Во јули 2019, Министерството за економија […]

Струмичките екологисти контра Макрадули: Не веруваме во стандардите за кои зборувате за Иловица

мај 2, 2019

За какво почитување на закони, светски пракси и техники зборувате господине Макрадули кога зборувате за рудникот Иловица-Штука, кога токму за овој рудник државата досега прекршила неколку закони, промашени и истечени се сите законски рокови веќе со години, го прашуваат струмичките екологисти заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, по повод изјавата што тој ја даде на […]

Страна 1 од 2