fbpx
Таг: Штука

таг: Штука

Од „Еуромакс“ внимателни, а жителите и екологистите скептични за судбината на рудникот Иловица

Жителите на струмичките села Штука и Иловица веќе десетти ден го блокираат влезот во концесискиот простор на рудникот за бакар и злато Иловица, иако Владата одлучи да го задолжи Министерството за економија да утврди дали има правен основ за укинување на концесијата за рудникот, а извори од Илинденска бр.2 велат дека практично одлуката е донесена. Жителите и екологистите сè...

Концесијата за Иловица ќе биде одземена, мора да се запазат законските процедури

Одлуката за одземање на концесијата за рудникот Иловица е практично донесена, бидејќи се стекнати формално-правно условите за раскинување на договорот со концесионерот „Еуромакс Рисорсис“, брифираат извори од владата. Ова практично значи дека, по истекот на седумте дена, дадени на денешната владина седница на Министерството за економија за „да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на...

Поповска: Некого го чешаат рацете за иловичкото злато

На темата рудници и нивна здрава алтернатива, како и за битката на струмичките екологисти против рудникот Иловица, „Мета“ разговараше со пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска. Неодамнешната победа – отфрлената тужба од рудникот Борово Дол за клевета од страна на Судот, ДОМ ја посвети на струмичките екологисти кои се борат против отворањето на рудникот Иловица. Какви се, според вас, шансите тие...

„Еуромакс“ нема да ги тужи активистите за Иловица, ќе користи други „правни механизми“

Нема најава дека „Еуромакс Рисорсис“ ќе ги тужи струмичките еколошки активисти за нивните објави на социјалната мрежа „Фејсбук“ поврзани со отворањето на рудникот Иловица чиј концесионер е оваа компанија. Во најновото соопштение упатено до јавноста, се вели дека „Еуромакс“ ќе продолжи да ги користи сите правни механизми за да спречи ширење на дезинформации и лажни вести за проектот и...

„Еуромакс Рисорсис“ бара од активистите да се извинат и да пазат што пишуваат по Фејсбук

Струмичките еко-активисти, кои водат повеќемесечна борба за спречување на отворање на рудникот за бакар и злато во атарот на струмичките села Штука и Иловица, велат дека не отстапуваат од својата борба и покрај тоа што добија опомени пред тужби од правните застапници на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ која е концесионер на рудникот. Од тројцата, на кои им беа врачени писмата на...

Заев ги смирува граѓаните: За Иловица ќе донесеме одлука за која нема да се каеме

Јасни беа пораките на граѓаните на општините Босилово и Ново Село на информативната средба со премиерот Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектеши: рудникот во Иловица не смее да проработи. Заев и Бектеши повторија дека нема компромис со здравјето на луѓето, за што во изминатите девет месеци се направиле суштински законски промени. - Направивме измени на законот да не...

„Еуромакс Рисорсис“: Во Иловица нема да се користат цијанид и сулфурна киселина

„Еуромакс Рисорсис“, концесионер на проектот за рудник за бакар „Иловица - Штука“ денеска повторно порача дека ќе го развива рудникот во согласност со сите национални закони, вклучувајќи ги и последните измени на Законот за минерални суровини, предложени од политичката партија ДОМ и усвоени во Парламентот. „Проектот на „Еуромакс“ е целосно усогласен со законските измени кои забрануваат употреба на цијанид и...

Жителите на Штука порачуваат: Ако го отворат рудникот Иловица, за нас тука нема живот

Пладне е. Пред селскиот дуќан во Штука, под падините на Огражден, насобрани петнаесетина, главно средовечни и постари луѓе. Помладите се на работа, на училиште, ги има и доста на печалба. Ова е уште еден од собирите на кои главна, всушност единствена тема на муабет е рудникот Иловица, кој го носи името на соседното село, иако е целосно во атарот...

Жителите на Иловица и Штука демантираат дека поставиле ултиматум за референдумот

Жителите на селата Иловица и Штука го демантираат соопштението на „Здрава Котлина“ дека поставиле ултиматум до премиерот Зоран Заев, да се изјасни за рудникот Иловица или нема да излезат на референдум. „Имено, единствено точна е информацијата дека се одржа средба на жителите на селата Иловица и Штука, но таа беше поврзана со претстојниот референдум на 30 септември 2018 година. Според нас,...

„Еуромакс рисорсис“ смета дека доставила сè што можело за Иловица

„Еуромакс рисорсис“, компанијата со инвеститори од Канада, САД и Велика Британија, денеска се огласи со реакција за одлуката на Владата на нејзината 63, седница, со која го задолжи Министерството за економија да ја продолжи постапката со која од компанијата - концесионер на рудникот за бакар и и злато на локалитетот Иловица, треба цда ја докомплетира документацијата. Компанијата смета дека доставила...

Гоше Николов од Мета.мк е еден од добитниците на наградата „Гласник на невидливите“

Новинарот на Мета.мк Гоше Николов е еден од добитниците на наградата „Гласник на невидливите“ за 2024 година, што ја доделува Македонска платформа против сиромаштија (МППС). Тој наградата ја доби...