fbpx

Од „Еуромакс“ внимателни, а жителите и екологистите скептични за судбината на рудникот Иловица

-

Жителите на струмичките села Штука и Иловица веќе десетти ден го блокираат влезот во концесискиот простор на рудникот за бакар и злато Иловица, иако Владата одлучи да го задолжи Министерството за економија да утврди дали има правен основ за укинување на концесијата за рудникот, а извори од Илинденска бр.2 велат дека практично одлуката е донесена. Жителите и екологистите сè уште се скептични дека тоа ќе се случи.

За вчерашната одлука на владата со внимателно срочено соопштение се огласи и концесионерот „Еуромакс Рисорсис“.

– Во духот на партнерство компанијата се залага да ги заштити интересите на двете страни на концесискиот договор и ќе продолжиме да работиме во таа насока. Мислењата кои ги имаме од еминентни професори по меѓународно право и управно право како и од правни реномирани фирми укажуваат на целосната усогласенот на „Еуромакс“ со законите – се вели во одговорот кој „Мета“ го побара од надлежните во компанијата.

Од редовите на екологистите велат дека очекувале целосно одземање на концесијата бидејќи се стекнати сите формално-правни услови за тоа, посебно бидејќи и на 63. седница на владата на ова Министерство му било дадено истото задолжение со рок од седум дена да изготви информација за исполнетост на услови за раскинување на концесија за експлоатација.

– Од тогаш наваму ништо не се случи – вели Ѓорги Танушев од „Здрава Котлина“.

Од владата немаше коментар околу тврдењето на концесионерот „Еуромакс Рисорсис“  ги не прекршил важечките закони во државава околу концесијата на Иловица.

– Владата го задолжи Министерството за економија во случај да не се исполнети формално правните аспекти да го раскине договорот со компанијата „Еуромакс“. На наредната владина седница ќе биде донесена официјална одлука – беше одговорот на портпаролот Муамет Хоџа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...