„Еуромакс“ нема да ги тужи активистите за Иловица, ќе користи други „правни механизми“

-

Нема најава дека „Еуромакс Рисорсис“ ќе ги тужи струмичките еколошки активисти за нивните објави на социјалната мрежа „Фејсбук“ поврзани со отворањето на рудникот Иловица чиј концесионер е оваа компанија. Во најновото соопштение упатено до јавноста, се вели дека „Еуромакс“ ќе продолжи да ги користи сите правни механизми за да спречи ширење на дезинформации и лажни вести за проектот и компанијата, без образложување што конкретно подразбира под тоа.

Во дописот од „Еуромакс“ стои дека, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, побарале „од одредени поединци да се извинат за изнесување паушални и манипулативни изјави што не се поткрепени со факти или со експертско мислење“ и дека во барањата за извинување кои се доставени до поединците немало закани, туку едноставно барање за извинување согласно роковите пропишани со Законот за граѓанска одговорност со цел населението да биде запознаено со вистинските информации и факти за проектот.

Од „Еуромакс“ тврдат дека пишувањата на социјалните мрежи биле со цел да се наштети на реномето на „Еуромакс“, како и на проектот Иловица – Штука, а со тоа и врз вредноста на акциите на компанијата, која котира на берзата во Торонто, поединците ги објавуваа овие изјави на социјалните медиуми“.

На четворицата струмички еко-активисти, собрани зад граѓанската иницијатива која се бори против отворање на рудникот на бакар и злато во атарот на струмичките села Иловица и Штука минатата недела, од страна на правните застапници на „Еуромакс Рисорсис“, писмено им беше наложено во рок од 48 часа да објават јавно извинување и демант на своите пишувања поврзани со странскот концесионер, во спротивно ќе се соочат со тужби за клевета и навреда.

Наместо тоа, тие објавија уште поостри коментари на сметка на концесионерот, нарекувајќи ги овие дописи од адвокатите на „Еуромакс“ – обид за заплашување и деморализирање на народот. Со истиот став излегоа и дваесетина еколошки и граѓански иницијативи од државата, кои ги поддржаа струмичките екологисти.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...