fbpx

Втор ден блокади за „Еуромакс“ и за археолозите кон рудникот Иловица

-

Група жители од струмичките села Штука и Иловица и денес од 5 часот изутрина повторно го блокираа приодот кон просторот на рудникот Иловица за да ги спречат работниците ангажирани од страна на концесионерот  „Еуромакс Рисорсис“, како и археолозите од Археолошкиот музеј од Струмица да продолжат со ископувањата на теренот. Блокадата се одвива веќе втор ден и, според најавите на активистите против отворањето на овој рудник, тие ќе продолжат и понатаму, се додека Владата не одлучи да му ја одземе концесијата за ископ на бакарна руда од ридовите над Иловица и Штука.

Организаторите на протестот, „Младите на Иловица и Штука против рудникот“, ги повикаа своите сограѓани масовно да им се придружат на блокадите.

– Пријатели, време е да ставиме крај на долгогодишната борба за нашата иднина, за нашиот воздух, вода, здравје, сега е време за конечниот удар против рудниците, време за притисок врз надлежните за донесување вистинско решение за нашиот проблем и нивно застанување на страната на НИВНИОТ народ – се вели, меѓу другото, во нивното соопштение.

Блокадите се случуваат по најавите за радикализација на отпорот против отворањето на рудникот Иловица, откако концесионерот, кому му е истечена концесијата, Еуромакс Рисоурсис, финансираше археолошки ископувања на просторот на концесијата, во изведба на струмичкиот Завод за заштита на споменици и Археолошки музеј, што предизвика револт кај жителите на најзасегнатите села, Штука и Иловица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создадени само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...